ОТВОРЕН ПОВИК: Школа за анти-авторитарни студии

ОТВОРЕН ПОВИК: Школа за анти-авторитарни студии

Школата за анти-авторитарни студии Стив Наумов претставува образовна програма за млади лица кои ќе имаат шанса на осум сесиии да научат нешто повеќе за политика, идеологија, различни видови на авторитаризам, економските последици на авторитарните режими, како и нивната алтернатива, отворено општество и слободен пазар.

Рокот за аплицирање е до 23 ОКТОМВРИ а известување по апликацијата ќе добиете до 25 октомври. Пријавување на следниот линк: https://forms.gle/fsAUVkgGzstEWQYS8

Првата сесија започнува на 30 октомври во просториите на Факултет за бизнис економија, Скопје од 19:00 до 20:00 часот. Првото предавање ќе го одржи проф. д-р. Ненад Марковиќ од Правен факултет Јустинијан Први, Скопје.

Учесниците добиваат можност за дополнително меѓународно вмрежување и вклучување во објективистички и либертаријански студентски движења.

За оние кои ќе ги посетуваат предавањата и ќе учествуваат во работилниците е превиден сертификат за успешно завршување на школата.

Share this:

Leave a Reply