[Натпревар] “Ослободи ја идејата! – Преземи акција”

[Натпревар] “Ослободи ја идејата! – Преземи акција”

Ослободи ја идејатаПреку глава ти е од општествените проблеми? Мислиш дека е залудно што и да направиш? Си се обидел ли воопшто? До кога стравот и несигурноста ќе ти ги потиснуваат идеите? Ослободи ја идејата и преземи акција!

Младите можат четврта година по ред ги повикува младите од цела Македонија да поттикнат општествена промена преку учество на натпреварот ОСЛОБОДИ ЈА ИДЕЈАТА.

Повикот е отворен за млади од цела Македонија, кои ќе детектираат предизвик во заедницата и ќе предложат иновативно решение во рамки на кратка иницијатива во една од следните области:

-Образование и култура -Развој на граѓанско општество -Толеранција и недискриминација -Младински политики и граѓански права

Што треба да направиш?

  • состави тим од 3 до 5 млади ентузијасти на возраст од 16 до 26 години
  • дискутирајте за предизвиците во заедницата кои ве засегаат токму вас
  • предложете креативно решение за детектираниот проблем, во однос на некоја од гореспоментите области
  • направете план со конкретни акции преку кои ќе делувате при решавање на проблемот

Како да се пријавиш?

Собери го твојот тим и пополнете го овој aпликациски формулар преку кој ќе не убедите за важноста и итноста на предизвикот што го детектиравте. Рокот за поднесување на апликациите истекува на 29.04.2018 (23.59)

По истекување на рокот за пријавување, најкреативните 5 тима ќе продолжат во наредната фаза од проектот, при што ќе добијат поддршка за развивање на идејата, односно свој ментор со кој ќе имаат можност да остваруваат средби и да се консултираат. Во текот на оваа фаза 5те тимови ќе имаат за задача да снимат кратко креативно видео. Овие 5 видеа ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Младите можат. Видеото со најмногу лајкови ќе има загарантирани гласови кои ќе му обезбедат предност на тимот во финалниот настан на кој ќе се гласа за победничката идеја.

На почетокот на месец јуни, на јавен настан секој тим ќе има можност да ја презентира својата идеја за иницијатива и да ја убеди публиката и жири-комисијата за суштината на проблемот и креативноста на понуденото решение.

Притоа ќе се гласа за најдобрата идеја, водејќи сметка за:

  • релевантност на идејата
  • иновативност на идејата
  • изводливост на идејата

Победник ќе биде тимот кој ќе се здобие со најмногу гласови во следните три категории:

  • Најмногу лајкови на видеото кое ќе ја претстави нивната идеја
  • Гласови од жири комисијата на финалниот настан, составена од граѓански активисти
  • Гласови од публиката која ќе присуствува на финалниот настан

Победничкиот  тим ќе добие поддршка од Младите можат за имплементирање на иницијативата и наградно патување за целиот тим.

Локација:
Македонија
Рок за аплицирање:
29.04.2018 (23.59)
Како да аплицирате:
Собери го твојот тим и пополнете го aпликацискиот формулар со кој ќе не убедите за важноста и итноста на предизвикот што го детектиравте.

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply