Награден конкурс за СТРИП на тема: „ПОМАЛКУ ХРАНА НА ДЕПОНИЈА А ПОВЕЌЕ ПО ДОМОВИТЕ“

Награден конкурс за СТРИП на тема: „ПОМАЛКУ ХРАНА НА ДЕПОНИЈА А ПОВЕЌЕ ПО ДОМОВИТЕ“

Во Рамки на проектот „ ПОМАЛКУ ХРАНА НА ДЕПОНИЈА А ПОВЕЌЕ ПО ДОМОВИТЕ “ Стрип центар на Македонија заедно со организациите:

· ЗГ „БИРЛИК ЈЕКИПЕ“ од Велес, и

· ЗГ „ ЗЛАТНО ПЕРО“ од Битола објавуваат КОНКУРС ЗА СТРИП на иста тема како и насловот на проектот.

Овој конкурс ќе биде на ниво на Повардарскиот и Пелагонскиот регион. Истиот ќе биде доставен до сите училишта од наведените региони. Стриповите треба да бидат до најмногу 2 страници А 4 Формат вертикално поставени сликички.

Темите за стрипови треба да обработуваат:

-проблемот со фрлањето на храна, за сиромашните и гладните

– афирмирање на конкретни пораки и решенија за проблемот со глад преку Банкарството за храна ВСС ефектот на локално, национално и меѓународно ниво

– волонтирање на младите за оваа кауза

– улогата на бизнис секторот и институциите

Ќе се доделат 1,2 и 3 награда категорија основно училиште,1,2 и 3 награда категорија средно училиште, награда за најдобро сценарио,награда за најмасовно училиште. Најдобрите стрипови и учесници ќе добијат дипломи. Подобрите стрипови ќе бидат објавени на изложби во 6 (шест) града: Неготино, Градско и Чашка (Повардарски регион) како и Битола, Новаци и Демир Хисари и Прилеп (Пелагониски регион).

Во тек на месеците септември и октомври 2019 ,по училиштата ќе се организираат јавни промоции на овој конкурс. Рокот за испраќање на стриповите е 30.10.2019. Тие може да се испратат скенирани на најмалку 150 дпи преку емаил comicmk2@gmail.com или на адреса Стрип центар на Македонија-Велес, ул. „Богдан Каракостев“ 11, 1400 Велес (со назнака „ЗА СТРИП КОНКУРС“).

За повеќе информации може да се јавите кај Томе Трајков – координатор на проектот 075 374 155 и емаил comicmk2@gmail.com

Share this:

Leave a Reply