Награден конкурс по повод 12ти Август – Ден на Млади

Награден конкурс по повод 12ти Август – Ден на Млади

ФОРУМ 16 оваа година Меѓународниот ден на млади, 12 август, ќе го одбележи со избор на најдобар дизајн за промотивен материјал на нашата организација.

Право на учество имаат млади луѓе од 15 до 29 години, од Пелагонискиот регион, кои ќе предложат дизајн за стикери кои ФОРУМ 16 ќе ги користи во иднина.

Идејните решенија треба да бидат доставени во вид на фотографија, JPG формат, која не треба да биде поголема од 20 мегабајти. Доколку дизајнот вклучува текст, истиот реба да биде напишан на македонски јазик. На конкурсот секој автор може да пријави само  едно идејно решение.

Официјалното гласање за најдобри решенија ќе се одвива преку Фејсбук страницата на ФОРУМ 16. Решенијата со најголем број „лајкови“ ќе се сметаат за победници. Секој обид за злоупотреба на гласањето ќе биде санкциониран од страна на организаторот на конкурсот.

Идејните решенија треба да се испраќаат директно на е-пошта или со испраќање на соодветен линк за преземање на истите на forum16.bitola@gmail.com. При пријавувањето на решението задолжително треба да се користи назнаката: Конкурс за 12 август и да се наведе:

-име и презиме и/или псевдоним,

-контакт телефон,

-е-мејл адреса,

-датум на раѓање.

Конкурсот се отвора на 12 јули, а краен рок за испраќање на идејните решенија е 31 јули, до полноќ. Гласањето се отвора на 1 август, а трае до 12 август, до напладне. Победникот ќе биде соопштен во текот на истиот ден.

Најдобриот дизајн ќе добие скромна награда (Transcend USB 2.0 Flash Drive 8 GB).

Напомена: Со пријавување на конкурсот, авторите се согласуваат да го пренесат на организаторот на конкурсот правото на јавно изложување на делата, а авторот на награденото дело се согласува на организаторот на конкурсот да ги пренесе сите права на користење на делата. Во пријавата авторите треба да наведат дали сакаат нивното дело да се користи со наведување на нивниот име и презиме или псевдоним.

На 17 декември 1999 година во Обединетите нации беше прифатена Резолуцијата 54/120 која ги кодифицира сите поврзани меѓународни документи за активно вклучување на младите во политиките што директно влијаат на нивниот личен и општествен развој.  Препознавајќи ја улогата на младите луѓе во подобрување на човековите права и слободи, ОН го прогласи 12 август за Меѓународен ден на младите. Темата на Меѓународниот ден на младите за 2019 година е „Трансформирање на образованието“ и ги истакнува напорите да се направи образованието повеќе инклузивно и достапно за сите млади, а истовремено овааа година ќе се нагласат добрите практики и научените лекции во напорите да се осигура дека образованието е инклузивно и достапно за сите млади.

Association for Civil Activism FORUM 16 – Bitola

Share this:

Leave a Reply