НАГРАДЕН КОНКУРС НА ТЕМА „ДА ЈА ДОЧЕКАМЕ ПРОЛЕТТА ВО ЧИСТО“

НАГРАДЕН КОНКУРС НА ТЕМА „ДА ЈА ДОЧЕКАМЕ ПРОЛЕТТА ВО ЧИСТО“

ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗЛАТНО ПЕРО“ ОД БИТОЛА ВО СОРАБОТКА СО ПСУ САБА -Битола организира награден конкурс за најубава песна на тема: „ДА ЈА ДОЧЕКАМЕ ПРОЛЕТТА ВО ЧИСТО“.

Право на учество имаат сите ученици од шесто до деветто одделение од општините: Битола, Демир Хисар, Прилеп, Новаци, Могила и Ресен. Секој ученик има право да учествува со една песна, напишана во Times New Roman, фонт 12, а истата треба да биде испратена на е-mail: zlatno.pero@yahoo.com Во случај да се пријават доволен број квалитетни песни, истите ќе бидат објавени во електронска форма како е-книга. Песните задолжително да бидат потпишани со целосно име и презиме на ученикот, менторот, телефон за контакт, училиште и општина. Конкурсот е отворен од 21 февруари и ќе трае сè до 21 март 2019 год.

По разгледувањето на песните од страна на стручното жири, најдобрите песни ќе бидат наградени на свечената манифестација којашто ќе се одржи во просториите на ПСУ САБА – Битола (ул. „Солунска“ бр.234 Битола 23 март 2019 година, во сабота, со почеток од 12 часот. Авторите на трите најубави песни ќе бидат наградени со диплома и друг вид награди.

Телефон за контакт: 070 781 308

Share this:

Leave a Reply