Награда за младинско учество

Награда за младинско учество

Проектот на УСАИД за граѓанско учество поканува поединци, организации, институции, медиуми, и бизниси да номинираат млади поединци, неформални групи на млади, и младински организации за овогодинешната Награда за младинско учество.

Проектот на УСАИД за граѓанско учество ќе додели до четири награди на успешни млади (на возраст од 18 до 29 години), неформални групи на млади (од најмалку три членови), и младински организации кои покажале јасна визија за позитивен развој на опшеството; кои системски и одржливо работат кон решавање на општествени проблеми; кои со креативност, иновација и лидерство дефинирале и зголемиле јавна свест за проблем од општествен интерес; и постигнале мерливи резултати во подобрувањето на општеството и заедницата со неговите/нејзините/нивните постапки.

#ПрепознајМлади со пополување на номинацијата на следниот линк.

Повикот за номинации е отворен до 25 април, 2019.

Share this:

Leave a Reply