Младите: активни чинители во евроинтеграцијата на Македонија

Младите: активни чинители во евроинтеграцијата на Македонија

Во рамките на проектот Rural youth assisting Macedonia in EU integration, спроведуван од страна на CNVP – организација за поврзување на природни вредности и луѓе со седиште во Хаг – Холандија, на 17.07.2018 од 10:00 – 12:00 часот ќе се спроведе Работилницата за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Република Македонија Проектот има за цел да ги зајакне способностите на младите од источниот и југоисточниот плански регион и нивните организации за нивен активен придонес кон совладување на предизвиците со кои се соочува Република Македонија во процесот на евроинтеграција. Основна цел и задачи на работилницата се унапредување на знаењата на младите од Кочани и неговата околина за: ● Европската унија и европските политики; ● Критериумите за влез во ЕУ на земјите со статус кандидат за ЕУ како и за ● Улогата на младите од Кочани во помагање на процесот на евроинтеграција на Македонија Работилницата се очекува да придонесе кон подобра информираност на младите од Кочани за Европската унија, нивно мотивирање и зајакнување на свеста за потребата и моќта на активното придонесување на младите кон успешна евроинтеграција на Р. Македонија. Настанот е отворен за учесници од општина Кочани, кои се на возраст од 16 до 29 години. За да присуствувате на истиот потребно е да се најавите преку следната пријава за регистрација (https://goo.gl/forms/zFjvsmrseWLXh9LB2) најдоцна до: 13.07.2018 , 15:00 Учесниците дополнително ќе бидат известени за времето и местото на одржување на настанот. После настанот ќе има мал коктел на кој учесниците ќе имаат прилика да се запознаат подобро и да се вмрежуваат. За подетални информации ве молиме обратете се кај тимот на едукатори: Александар Ананијев, Стојан Рашков и Ивана Ананијева на: aananijev@yahoo.com; stojan.raskov@gmail.com; ananijeva.ivana@yahoo.com . Побрзајте! Mестата се органичени, а можност за присуство ќе имаат оние кои ќе се пријават први.

Share this:

Leave a Reply