МЕНТОРСКА ПОМОШ ЗА МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

МЕНТОРСКА ПОМОШ ЗА МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

UNDP и Агенцијата за вработување на Р. Македонија со поддршка на Националниот младински совет на Македонија  го имплементираат  проектот чија цел е да им се помогне на младите невработени лица до 29 години да се стекнат со вештини и информации кои ќе им помогнат полесно да се (само)вработат. За таа цел, како ментор за млади невработени лица, ви стојам на располагање за бесплатна ориентација, совети и помош при вклучување во бројните обуки и мерки за вработување на Агенцијата за вработување на Р. Македонија. Меѓу другото, можете да учествувате на бесплатни обуки за претприемништво, странски јазици, напредни ИТ вештини, дефицитарни професии, обуки за познат работодавач или да се пријавите за  учество во програмата за самовработување или започнување на старт-ап бизнис за млади. Воедно би сакале да Ве информираме дека услугата е персонализирана и подразбира да Ви помогнеме и во подготовка и на ИПВ (индивидуален план за вработување) со кој се зголемуваат Вашите шанси за (само)вработување. Ги покануваме сите оние кои се од Скопје и би сакале да вклучат во некоја од активните мерки за вработување да да се обратат на : ljupco.despotovski@gmail.com070/223 813.

Share this:

Leave a Reply