Македонија2025 објавува отворен повик за стипендирање на десет талентирани средношколци/студенти

Македонија2025 објавува отворен повик за стипендирање на десет талентирани средношколци/студенти

Меѓународната невладина организација Македонија2025 го отвори повикот за прием на апликации во склоп на Фондот за поддршка на талентирани студенти за тековната 2019 година. По успешноста на минатогодишниот пилот-проект, Фондот обезбеди средства да помогне на талентирани млади од Македонија во периодот од 2019-2022. Во текот на оваа година, ќе се стипендираат 10 индивидуи, при што поддршката за секој кандидат ќе изнесува 60 илјади денари.

Кој може да аплицира?

  • Средношколци со успех 5.00 / студенти со просек над 9.00;
  • Добитници на дипломи и награди во областа на природни науки, компјутерско програмирање и друго;
  • Предност имаат студенти/ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со финасиски приход во семејството под 22.000 денари месечно;
  • За аплицирање за стипендии во текот на наредните години, избраните кандидати треба да одржуваат контиуниран успех и да имаат развој во постигнувањата
За да аплицирате, Ве молиме следните документи на македонски јазик, да ги доставите електронски на Маја Сталеска – maja.s@macedonia2025.com:
  • Биографија до 200 зборови;
  • Сертификати и дипломи од награди во различни дисциплини;
  •  Мотивационо писмо во кое се посочува зошто е потребна поддршката;
  • Релевантни документи за приказ на месечниот финансиски приход во семејството;
  • Препораки од професори/релевантни институции или индивидуи.

Дополнително, Фондот ќе поддржи учество на кандидатите на меѓународни натпревари, менторство и обуки за нивен развој, како и платени пракси во истакнати компании. Техничка поддршка во опрема (компјутер, телефон и друго) исто така ќе биде обезбедена од Фондот.

Крајниот рок за испраќање на документите е 20-ти март. Апликациите ќе ги разгледува комисија составена од истакнати членови и партнери на Македонија2025.

Избраните кандидати кои ги исполнуваат сите наведени услови ќе бидат контактирани до 4-ти април, откако ќе заврши процесот на селекција.

Со почит,

Македонија2025

Share this:

Leave a Reply