Конкурс за фотографии „Не биди егоист, биди екоист“

Конкурс за фотографии „Не биди егоист, биди екоист“

Иницијативата за заштита на животната средина „Екоизам“, од активното членство на „Младите Можат“, објавува конкурс за изложба и избор на најдобра фотографија. Изложбата на фотографиите ќе биде дел од настанот „Не биди егоист, биди екоист“ кој ќе се одржи на 14ти декември во просториите на СУГС „Орце Николов“.  Целта на овој настан е подигнување на свеста кај младите за зачувување на животната средина.

Фотографиите треба да бидат на следниве теми: заштита на животната средина,   уништување и загадување на воздухот и околината. Право на учество имаат млади од 15-29 години и секој може да учествува со само една фотографија. Фотографиите можат да бидат направени со мобилен телефон или со фото апарат и истите да се испратат на e-mail ekoizam@yahoo.com заедно со име, презиме,  контакт телефон и слоган или краток опис на фотографијата.

Испратените фотографиите  не треба да бидат со дискриминирачка и насилна содржина и не треба да ја нарушуваат ничија приватност. Изборот за најдобра фотографија ќе се спроведе преку тричлено стручно жири. Најдобрата фотографија ќе биде прогласена на настанот и истата соодветно ќе биде наградена. Конкурсот трае од 5-12ти декември.

Локација:
Скопје
Рок за аплицирање:
12.12.19
Како да аплицирате:
со испраќање на фотографијата на e-mail ekoizam@yahoo.com заедно со име, презиме,  контакт телефон и слоган или краток опис на фотографијата.

Share this:

About the Author

mladitemozat

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply