Јавен повик за кандидати за членови на Управниот одбор на Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија)

Јавен повик за кандидати за членови на Управниот одбор на Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија)

Врз основа на член 34 од Статутот на Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија и член 11 од Правилникот за мандатни прашања и избори на Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија, Управниот одбор на ЏЕФ Македонија на 23.09.2019 (понеделник) распиша

Јавен повик за кандидати за членови на Управниот одбор на Здружението Млади Европски Федералисти –Македонија (ЏЕФ Македонија)

1. Надлежности на членовите на Управниот одбор на ЏЕФ Македонија

Според Статутот на ЏЕФ Македонија, Управниот одбор е највисок управен орган на здружението, а неговите членови се носители на неплатени политички функции со мандат од две години и право на повторен реизбор. Членовите на Управниот одбор ги избира Собранието на ЏЕФ Македонија. Согласно член 35 од Статутот на ЏЕФ Македонија, Управнио одбор на ЏЕФ Македонија ги има следните належности:

– Го предлага Статутот на здружението и неговите измени и дополнувања;

– Донесува Деловник за работа на здружението;

– Донесува и предлага и други општи акти врз основа на Закон и Статут;

– Го избира и разрешува Генералниот секретар на здружението;

– Избира и разрешува заменици секретари на здружението по предлог на

– Генералниот секретар;

– Дава мислење и согласност за програмите, плановите и стратегиите за работа на

– Здружението по предлог на Генералниот секретаријат;

– Дава мислење и согласност за годишниот план за работа и финансиски извештај

– на Здружението по предлог на Генералниот секретаријат;

– Одлучува за вработувањата во здружението по предлог на Генералниот секретар;

– Раководи и управува со имотот на здружението;

– До Собранието доставува периодични или годишни извештаи за својата работа; и

– Врши и други работи во согласност со Статутот.

2. Општи и посебни услови

2.1. Општи услови Кандидатот/кандидатката треба да ги исполнува следните општи услови:

– Да е државјанин на Република Северна Македонија;

– Да е на возраст од 18 до 30 години;

– Против лицето да не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност;

– Да не носител на јавна функција; и

– Да ги споделува мисијата и визијата на ЏЕФ Македонија, идејата за обединета Европа, идеологијата на европскиот федерализам и да ги поддржува европските интеграции на Млади Европски Федералисти – Македонија 2.2. Посебни услови

Кандидатот/кандидатката треба да ги исполнува следните посебни услови:

– Да има работно/волонтерско/практикантско искуство од најмалку 2 години;

– Да има искуство со членување во раководни структури и тела со надлежност за донесување одлуки во рамки на здружение на граѓани (Управен одбор, Секретаријат/Извршна Канцеларија, Надзорен одбор, Советодавен одбор) од најмалку 1 година (напомена: Кандидатите кои имале функција на работодавец ќе имаат предност);

– Да има започнато студии (напомена: кандидатите со завршен прв или втор циклус студии, со диплома од општествено-хуманистичките науки ќе имаат предност);

– Течно да говори македонски и англиски јазик – најмалку Б2 ниво според Европската рамка за јазици (напомена: познавањето на јазиците на немнозинските заедници во Република Северна Македонија или друг странски јазик освен англискиот ќе се смета за предност);

– Да поседува силни комуникациски вештини;

– Да поседува менаџерски вештини (учество во и раководење на проекти ќе се смета за предност);

– Да ги владее софтверските алатки на Microsoft (Word, Excel, Power Point), како и Google Drive и Google Docs. Владеењето на други софтверски алатки ќе се смета за предност.

– Да може да одвои најмалку 4 часа од денот за потребите на ЏЕФ Македонија и да биде флексибилен во однос на работните обврски во ЏЕФ Македонија и по завршувањето на работните оврски доколку кандидатот е вработен на друго работно место;

– Да биде флексибилен и достапен за потребите на меѓународните патувања и претставувања на ЏЕФ Македонија.

3. Потребни документи

Кандидатот/кандидатката е потребно да достави CV (не подолго од 4 страници), мотивација за кандидирање (не подолго од 2 страници) во рамки на образецот кој е прикачен во овој повик и скенирана верзија од сите сертификати и документи за докажување на активностите кои кандидатот/кандидатката ги навел/а во доставеното CV.

4. Времетраење на повикот

Овој повик трае до 07.10.2019 (понеделник), 23:59 часот. Истиот може да биде продолжен.

5. Контакт

Сите потребни документи наведени во овој повик заедно со образецот прикачен во овој повик треба да бидат пратени во електронска форма на macedonia@jef.eu, во рамки на предвидениот рок.

6. Останати информации

– Обрасците и документите наведени во овој повик треба да бидат зачувани во pdf формат, во единствен, документ кој ќе биде именуван по следната формула: ime_prezime_uo_jef.

– Обрасци и документи пратени надвор од зададениот рок и спротивно на наведените барања нема да бидат разгледувани.

– Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани од страна на членовите на комисијата која ќе ги разгледува поднесените кандидатури.

– Комисијата може да одлучи кандидатите да ги повика на интервју.

– Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат предложени како официјални кандидати за членови на Управниот одбор на ЏЕФ Македонија.

– Избран ќе биде оној кандидат/кандидатка која ќе ја добие довербата на Собранието на ЏЕФ Македонија на седницата закажана за 12.10.2019 (сабота) на начин утврден со Статутот на ЏЕФ Македонија и Правилникот за мандатни прашања и изборни на ЏЕФ Македонија.

Share this:

Leave a Reply