ИТНО – Повик за учесници на тренинг во Холандија

ИТНО – Повик за учесници на тренинг во Холандија

Бидете дел од тренингот Иклузија и Квалитет во Европски солидарен корпус од 11 до 21 ноември 2019та во Бант,  Холандија. 30 млади од цела европа ќе учествуваат во тренингот за зголемување на квалитетот на активностите во рамки на програмата Европски солидарен корпус. Од нашата земја ќе учествуваат 2 учесника/учеснички.

Целта на тренингот се: – Да се подготват младинските работници со алатки за справување со предизвици од новата ЕСК програма – Да се подготват младински работници со алатки за спроведување на проектни активности – Рефлексија на методи на зголемување на квалитетот на живот за младите од секоја од земјите учесници – Креирање на неформална група за поддршка на заеднички активности и по завршување на проектот – Креирање брошура со препораки од најдобри практики за волонтерски активности во рамки на програмата Европски солидарен корпус.

Предлог лет: линк

Повеќе информации на info pack IQ ESC.

Доколку си заинтересиран/а можеш да аплицираш веднаш на линкот.

Трошоците за пат (Северна Македонија – Холандија – Северна Македонија), сместување, храна и освежување се покриени од страна на организаторот. Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената.

Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат активните членови на Младите можат и истите се ослободени од плаќање на партиципација.

За дополнителни информации, слободно контактирајте не на info@youthcan.org.mk.

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply