Хакатон: Креирај игри за најмладите

Хакатон: Креирај игри за најмладите

Инспирирани од креирањето на новата национална веб-платформа за образование, ги покануваме да се пријават сите креативни гејмери, девелопери, графички дизајнери, артисти и ентузијасти од секаков тип кои би сакале да помогнат во креирање на игри наменети за најмалите, дечињата од 3 до 10 години.

Целта на учесниците? Едноставно, да се “тркаат” во изработка на што е можно подобра и покул кратка онлајн или дигитална игра согласно понудените теми од организаторот и соодветно на програмата која наскоро ќе ја објавиме. На учесниците ќе им бидат достапни и ментори од образовниот сектор, практичари и ќе имаат пристап и до примероци од материјали.

Поголемата цел? Кратко и јасно, обезбедување материјал за спроведување на часови и учење преку игра и карактерно образование, со што ќе се обезбеди подобра едукација на новите генерации и со тоа ќе се подобри директно и практично образованието!

Што треба да знам? Хакатонот ќе трае 3 дена, од 18ти до 20ти јули, ќе се случува во НУБ “Св. Климент Охридски”, ќе биде неформален, со над 10 ментори и ќе понуди можност за учење, вмрежување и заедничко креирање. На настанот ќе бидат присутни и тимови од неколку компании кои се решија да помогнат па тоа ќе биде исто можност за дополнителна дружба и разменување на искуства.

Готово, решен/а сум – Каде да аплицирам? Е ова е најлесно, апликацијата може да се најде на овој линк. Крајниот рок за аплицирање е 07.07.2019, може да аплицираш индивидуално или пак како тим, при што апликација треба да ја пополните заедно. Доколку аплицираш сам, тогаш ние во консултација ќе ти најдеме забавен и добар тим.

Овој хакатон е во склоп на проектот „Поставување на поволно опкружување за подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, Министерството за труд и социјална политика, Бирото за развој на обрзование, Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, а го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.

  • Аплицирај на: http://skrati.mk/KreirajIgri
  • Краен рок: 07.07.2019
  • Капацитет: 50 учесници
  • Цел: Креирање на мали креативни онлајн или дигитални игри за деца од 3 до 10 години

Share this:

Leave a Reply