Erase The Hate [Отворен повик за учесници]

Erase The Hate [Отворен повик за учесници]

“Erase the Hate” ќе се справува со говорот на омраза и има за цел да промовира толеранција, човекови права и кохезија помеѓу младите во Струмица и Штип. Во рамки на активностите, младите ќе се вклучат во работилници за запознавање со проблемот на говор на омраза, како и во акции за бришење на пораки кои содржат говор на омраза од јавни површини, кои ќе ги заменат со позитивни пораки.

Активности:

Maрт 2019

  • Работилница: Препознај и ти говор на омраза! – Струмица (27.03.2019)
  • Работилница: Препознај и ти говор на омраза! – Штип (29.03.2019)

Aприл 2019

  • Ориентациска сесија за отворената активност „Бришење на омразата!“ – Струмица
  • Ориентациска сесија за отворената активност „Бришење на омразата!“ – Штип

Maј 2019

  • Отворена активност: „Бришење на омразата!“ покривање на говорот на омраза со уметност со позитивна порака во Струмица
  • Отворена активност: „Бришење на омразата!“ покривање на говорот на омраза со уметност со позитивна порака во Штип

Jуни 2019

  • Студиска посета на институции и организации кои се справуваат со говор на омраза и дела од омраза – Скопје

Jули 2019

  • Панел дискусија за говор на омраза, дела од омраза и човекови права – Штип

За активностите во секој град ќе бидат избрани по 15 учесници на возраст од 16-29 години. Сите апликанти ќе бидат известени за исходот од процесот на селекција.

Аплицирајте на следниот линк.

КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: Март 23, 2019.

За повеќе информации слободно обратете се на: anaklesova@gmail.com

Сите активности се дел од “Erase The Hate” имплементирани од Linking, Engagement, Advocacy, Development – LEAD стипендиската Ана Клесова, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Share this:

Leave a Reply