Call for participants for the English Club at Krik ENGLISH 101

Call for participants for the English Club at Krik ENGLISH 101

Крик со задоволство го објавува формирањето на својот прв англиски клуб кој ќе се спроведува во периодот пролет и лето 2019 година.

Целта на англискиот клуб е да се создаде средина за учење која го поттикнува користењето на англискиот како втор јазик. Англискиот клуб обезбедува можност во неформален амбиент преку дискусии и активности за учење во група. Сите активности на англискиот клуб ќе придонесат кон процесот на учење и создавање на долготрајно разбирање по моделот “учење преку искуство”, јазично менторство, комуникациски игри, симулации, отворен простор и многу повеќе. Учењето на англиски јазик ќе биде олеснето со настава на граматика и синтакса, вокабулар, пишување и презентирање, групни дискусии и уметнички проекти.

Англискиот клуб е планиран во времетраење од 11 недели, почнувајќи од 25 март до 3 јуни 2019 година. Клубот ќе се собира еднаш неделно или во вторник или четврток во раните вечерни часови.

Англискиот клуб ќе биде воден од страна на ЕВС волонтерите од Италија кои ја извршуваат својата работа во Крик заедно со младински работник од Крик.

Крик ги поканува сите млади на возраст од 16 до 30 години од Скопје кои имаат желба да ги практикуваат и да ги подобрат своите вештини во англискиот јазик, правејќи нови контакти со на Крик и младинската популација.

Апликација:

За да аплицирате, пополнете го формуларот за апликација

Локација: Канцеларија на Крик, Пржино.

Забелешки:

Краен рок за поднесување на пријавата е 24 март.

За повеќе информации, контактирајте не на evskrik@gmail.com

CYA Krik is pleased to announce its first English Club with sessions in the Spring and Summer 2019.

The aim of the English Club is to create a learning environment that encourages assimilation of English as a second language as well as English-speaking cultures. The English Club provides an educational opportunity in a non-formal setting through peer-to-peer learning and groups discussions and activities. All English Club activities will contribute to the process of learning and creating long-lasting understanding following the “learning through experience” model—debates, language mentoring, communication games, simulations, open space and more. English learning will be facilitated by teaching grammar and syntax, vocabulary, writing and presenting, groups discussions, and arts projects.

The English Club is planned for the duration of 11 weeks, starting from March 25 until June 3, 2019. The Club will gather once a week on either Tuesdays or Thursdays in the early evening (to be confirmed with details to follow).

The English Club will be facilitated by the EVS volunteers from Italy which are doing their service in Krik and a local youth worker.

Krik welcomes all youth between the ages of 16 and 30 years old in the Skopje area who have a desire to practice and enhance their English skills while making new connections at Krik and the youth population at large.

How to: 

To apply, please fill out the application form.

Location: Krik office in Przhino.

Remarks:

Deadline for application form submission is March 24.

For more information, contact us at evskrik@gmail.com

Локација:
Пржино, Скопје
Рок за аплицирање:
24ти март 2019
Како да аплицирате:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf4bkCzs4XgSM_gcm0lzA6AeiHACYicSnKxIKbtZOpjlMDXyg/viewform

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply