Презентација на дела на современи македонски автори во Сан Себастијан, Шпанија

Презентација на дела на современи македонски автори во Сан Себастијан, Шпанија

Привлечен од богатата домашна литература и љубов кон пишаниот збор Кочо Трајчевски е писател од  Битола и е горд што ја претставува Македонија, избран од страна на Форум на Млади-Битола, во конкуренција на повеќе квалитетни автори од целата држава пресудно беше неговото меѓународно искуство со 4 објавени книги на англиски јазик од кои првата влезе во Топ 100 најпродавани на Амазон. Други зборови е интернационален проект од програмата Креативна Европа цо цел промоција на малите и малцинските јазици  и промоција на културна размена помеѓу повеќе земји од Европа преку двомесечни размени на писатели и поети.
Битолскиот писател заминува во Шпанија
Проектот започна во 2015 а ќе трае до 2019 година и ќе можи да земат учество повеќе писатели од Македонија без разлика на тематиката и жанрот на кој творат. Кочо ќе престојува во Сан Себастијан, Баскија ( Шпанија ) од 15 aприл до 16 jуни и при тоа обезбедено му  е учество на повеќе литературни манифестации и саеми каде покрај својата љубов кон научната фантастика тема која ја обработува во своите романи , тој ќе презентира и дела од останатите македонски современи автори и сите заинтересирани можат да се обратат слободно на следниот емаил, alekmm@gmail.com Интересно да се напомене е за понудената соработка неговите книги да се промовираат во Холивуд со цел за снимање на филм според неговите дела.
Локација:
Сан Себастијан , Баскија ( Шпанија )
Рок за аплицирање:
04.04.2016
Како да аплицирате:
alekmm@gmail.com
Други детали:
http://drugizborovi.mk/

Share this:

About the Author

Aleksandar MishevskiФорум на млади“ –Битола е невладина, неполитичка, непрофитна, волонтерска организација чија примарна цел е да се развијат културните и хуманитарните карактеристики на граѓаните на Република Македонија. Меѓу најважните цели на организацијаta се: 1. Промовирање на различни уметнички и културни активности преку наоѓање на простор за младите луѓе каде ќе се развива нивната креативност; 2. Промовирање на мир, демократија, борба за човекови права и борба против дискриминацијата од секаков вид и ограничувања како и заштита на праватa на малцинствата;

View all posts by Aleksandar Mishevski

Leave a Reply