Активирај се! Биди херој!

Активирај се! Биди херој!

Младите можат преку заедничка работа и креативни решенија да помогнат во надминување на секојдневните проблеми кои сите нè засегаат. Затоа – активирај се!

„Нови херои“ е младинскo реално ТВ шоу во кое тинејџери на возраст од 14 до 18 години ќе имаат можност да решаваат проблеми во средината во која живеат. Целта на шоуто „Нови херои“ е да ја зајакне општествената кохезија и да поттикне соработка помеѓу младите од различно етничко, културно, религиозно и социјално потекло. Дејствието на реалното ТВ шоу ќе се одвива во различни делови ширум државата и во него ќе се користат јазиците на етничките заедници кои живееат во неа. Шоуто „Нови херои“ ќе се емитува на национални телевизии.

Доколку сте заинтересирани, можете да се пријавите за учество со испраќање на кратко видео снимено со мобилен телефон, во кое ќе се претставите и ќе предложите идеја како да се реши одреден проблем кој ве засега. Снименото видео треба да се испрати на е-маил адресата noviheroi@fabrika.com.mk, или во порака на ншиот фејсбук профил, или  инстаграм профил најдоцна до 10-ти мај, 2019. Од пријавените, ќе бидат селектирани 16 кандидати, кои ќе се натпреваруваат во тимови од двајца во вкупно 12 епизоди на реалното шоу. Нивната креативност, снаодливост, тимска работа, одлучност, меѓусебно почитување и отвореност за соработка ќе се оценува во текот на шоуто, а во големото финале во последната епизода ќе се прогласи победничкиот тим и ќе се додели главната награда.

Реалното шоу е дел од проектот на УСАИД за „Унапредување на социјалната кохезија“ чија цел е да ја зајакне меѓуетничката соработка помеѓу децата и младите и да го унапреди меѓу- културното образование во јавните детски градинки и основни училишта.

Share this:

Leave a Reply