38-ма Летна школа за човекови права за млади

38-ма Летна школа за човекови права за млади

Хелсиншкиот комитет за човекови права, со поддршката на Германската амбасада во Скопје, оваа година ја организира летната школа за човекови права, во периодот од 14 до 20 август во Извидничкиот центар во Охрид.

На школата имаат право да учествуваат млади лица на возраст од 16 до 18 години. Програмата на школата е внимателно дизајнирана со цел да им овозможи на учесниците суштинско разбирање и учење на содржини поврзани со човековите права, дискриминацијата, говорот и делата од омраза, односно надминување на предрасудите, градење толеранција и разбирање за човековите права и механизмите на заштита. Покрај наставните содржини, младите ќе имаат можност да учат преку разни вежби и рекреативни активности, како и слободно време за меѓусебно дружење. Предавачи на школата ќе бидат универзитетски професори и видни експерти во областа на човековите права, а тимот на Хелсиншкиот комитет ќе биде задолжен за организирање и спроведување на целосната програма на школата.

Трошоците за учество во школата се покриени во целост (превоз од секој град, сместување, оброци, работни материјали), односно нема да е потребен каков било надомест од страна на учесниците. Сместувањето е во двокреветни соби. За учеството во школата е неопходна согласност од старател.

Ги охрабруваме младите лица на возраст од 16 до 18 години без оглед на нивната етничка припадност и националност, верско уверување, сексуална ориентација, попреченост или било која друга основа да се пријават на овој повик доколку имаат желба да научат повеќе за човековите права и почитувањето на различностите.

Повикот ќе биде отворен за пријавување до 28.07.2019 година, а за пријавата е потребно да се достави:

  • 1.Формулар за апликација (достапен на линкот)
  • 2.Кратка биографија
  • 3.Мотивационо писмо, во кое ќе ја изразите вашата мотивација за учество
  • 4.Согласност од страна на старател за учество во школата (достапен на линкот)

Потребните документи испратете ги на е-маил: kalia.dimitrova@mhc.org.mk , со наслов (Subject) Школа за човекови права.

Share this:

Leave a Reply