Kонкурс за нова работна позиција: ПРОГРАМСКИ АСИСТЕНТ(КА)

Kонкурс за нова работна позиција: ПРОГРАМСКИ АСИСТЕНТ(КА)

Младински Сојуз – Крушево , канцеларија Скопје објавува конкурс за нова работна позиција

ПРОГРАМСКИ АСИСТЕНТ(КА)

Потребни квалификации: – Висока стручна спрема– ВСС VII/1; – Општествен или претходен НВО ангажман; – Одлично познавање на англиски јазик (писмен и говорен); – Познавањето на некој друг јазик (Албански, Германски) ќе се смета за предност; – Подготвеност за патување во регионот. Опис на работното место – Учество во целокупната работа и планирање на активностите на канцеларијата во Скопје; – Пишување на проектни апликации и извештаи за спроведени активности; – Креирање на програма за младински актисности; – Имплементирање, развој и асистенција на проектите предвидени во годишната програма; – Водење на административна документација; – Мониторинг на општествените промени и случувања во секторот на младинска работа и младински политики во државата и регионот; – Ажурирање на профилите на организацијата на социјалните мрежи; – Вклученост во работни групи организирани од Младински Сојуз или од партнерски организации за потребите произлезени од стратешкиот план; – 40 работни часа неделно со флексибилно работно време зависно од потребите на канцеларијата; – Можност за дополнителен ангажман на други проекти водени од канцеларијата во Скопје; Работниот однос се заснова на определено време од 01.12.2017 до 31.05.2018 со можност за продолжување. Изборот на пријавените кандидат(к)и ќе се изврши по извршените интервјуа во рок од 7 дена по истекот на рокот за пријавување. Кандидат(к)ите кои ги исполнуваат наведените квалификации може да испратат своја биографија и мотивациско писмо на contact@youthalliance.org.mk најдоцна до 25.10.2017.

Share this:

Leave a Reply