[Панел дискусија] Ментално здравје – сега е моментот!

Чест ни е да Ве поканиме на панел дискусијата ‘’Влијанието на различните средини врз менталното здравје на младите’’, на која експерти ќе говорат за влијанието од три различни аспекти.

Регионалниот настан во Скопје има за цел да ја подигне свеста за важноста на влијанието на образовниот систем, семејството и врсниците врз развојот на младите преку споделување на знаењето на експертите и собирање на информации преку тркалезна маса на чија основа потоа ќе се креира документ за јавни политики. Дополнително, во текот на проектот и процесот на изработка на документот за јавни политики, ќе бидат организирани уште 3 регионални настани во Битола, Штип и Гостивар.

Детали за настанот во Скопје:
📅 6 април
⌛ 12:00 – 14:30 ч
📍 ТЦЦ Гранд Плаза
Поради ограничениот број на учесници согласно мерките за справување со Ковид-19, Ве молиме да се пријавите на следниот линк – https://forms.gle/5iZpbWUPfFkz8UWy6
На учесниците кои ќе доаѓаат од други градови ќе им бидат покриени патните трошоци доколку уредно ги сочуваат и ни ги достават доказите за превоз.
 
Дискусијата ќе биде модерирана од страна на Анита Николовска, Извршен директор на Младите можат. Гости говорници на настанот се психолог Ана Попризова која ќе зборува за влијанието од аспект на образовниот систем, психолог Марија Стефанова која ќе ја сподели својата експертиза за влијанието на семејството врз менталното здравје на младите и Александар Милошевиќ претставник од нашата партнер организација Y-peer Македонија кој ќе зборува на темата од аспект на влијанието на врсниците.
“Ментално здравје – сега е моментот“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат во партнерство со Y-peer Македонија, го спроведува како дел од Еразмус плус програмата поддржана од Европската Унија. Нашето четиригодишно искуство во спроведување и поддршка на иницијативи за промовирање на важноста на менталното здравје на младите и сите предизвици со кои се соочивме, ја истакнаа потребата да се влијае на темата преку сеопфатен систематски пристап. Иако темата почнува да се актуелизира кај младите, таа е се уште табу за поширокото општество, па затоа преку овој проект сакаме да ја подобриме соработката помеѓу различните засегнати страни во граѓанското општество за промовирање на важноста и потреба за грижа за менталното здравје на младите како основна компонента на личниот раст и развој.
 
*При организацијата на настанот ќе бидат запазени сите заштитни мерки и насоки усвоени од Владата на Република Северна Македонија.

Повик за членови на Управен Одбор на Младите можат

Младите можат распишува повик за членови на Управен одбор на Младите можат, управно тело на организацијата. Управниот одбор на Младите можат брои 3 или 5 членови.

Управниот одбор ги има следните права, обврски и одговорности:

  • се грижи да се спроведат статутарните задачи на Здружението, како и одлуките и заклучоците на Собранието.
  • го избира Извршниот директор и членовите на Извршната канцеларија по претходно објавен јавен повик.
  • ја одобрува Годишната програма предложена од Извршниот директор и Извршната канцеларија.
  • разработува и предлага стратешки насоки за развој на организацијата до Извршниот директор и Извршната канцеларија.
  • разгледува, се вклучува во пишување и ја верификува одлуката за подготовка на проектни и други ангажмани.
  • го разгледува Годишниот извештај за работата на Младите можат и дава свое мислење пред да биде достапен до јавноста;
  • предлага измени и дополнувања на Статутот
  • усвојува одлуки и заклучоци кои се однесуваат на политиката на раководење со Младите можат.
  • Донесува правилници за внатрешно работење, верификува спогодби со други организации, меморандуми за разбирање и пристапување кон сојузи на организации
  • право да свика седница на Собранието по барање на 1/3 од вкупниот број членови на Собранието на Младите можат
  • одлучува за финансиското раководење на организацијата во консултација со Извршниот директор;
  • одобрува одлуки за набавка и отуѓување на основните средства;
  • врши евалуација на работата на Извршниот директор и Извршната канцеларија најмалку два пати годишно;
  • одлучува за вклучување на Младите можат во национални и меѓународни мрежи и тела
  • одобрува избор на најдобри понуди на стоки, услуги и работи за потребите на Младите можат
  • ја следи транспарентноста и демократското функционирање на Младите можат;
 

За член на Управен одбор може да биде избрано лице кое исполнува најмалку еден од наведените критериуми:

  • Било дел од структурите на Младите можат;
  • Се јавило во улога на соработник на Младите можат
  • Било професионално ангажирано во Младите можат.

 

Кандидатите за оваа позиција пожелно е да ги исполнуваат и следните услови:

  • Минимум двегодишно искуство во работа со млади;
  • Искуство во креирање на стратешки, годишни и акциски планови на младинска организација;
  • Запознаеност со младинските прашања и потреби во земјата;
  • Познавање на англиски јазик во пишана и говорена форма;
  • Комуникациски вештини и вештини за лобирање;
  • Способност за работа во тим

 

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат:

  • Кратка биографија
  • Пополнет апликациски формулар (преземи тука)

Членовите на Управниот одбор ги бира Собранието на Младите можат. Мандатот на член на Управниот одбор трае 2 години, со можност за реизбор.

Уредно пополнетите документи кандидатите да ги достават до [email protected] најдоцна до 20.03.2021 (23.59) со наслов “Апликација за член на Управен Одбор”.

*НАПОМЕНА: Функцијата Член на Управен Одбор е на волонтерска основа и за истата не е предвиден паричен надомест.

“ПОТРЕБИ НА МЛАДИТЕ НА ЛОКАЛНО НИВО”

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на јавен настан за презентирање на резултатите од спроведеното истражување “Потреби на младите на локално ниво”, имплементиранo од Здружение на граѓани Младите можат. 

Настанот ќе се одржи на 23.02.2021 година, со почеток од 11.00 часот, во електронска форма, преку платформата Zoom.

На овој настан ќе бидат презентирани главните наоди од горенаведеното истражување спроведено во три скопски општини: Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров, во декември 2020г. 

Воедно, Младите можат сака да поттикне дискусија со локалните власти за младинскиот активизам и младинското учество на локално ниво. 

За присуство на настанот ве замолуваме да се регистрирате на следниот линк.

Анализата на спроведеното истражување ги сумира резултатите од квалитативната и квантитативната анализа во трите општини, во 5 области: Волонтерство и граѓански активизам; Предизвици на младите во општината; Младински политики и застапување; Отвореност и поддршка на општините за млади; Младите во време на пандемијата Ковид-19. Гости говорници на настанот се очекува да бидат градоначалниците на соодветните општини, Г-дин Стефан Богоев, Г-дин Александар Наумоски и Г-дин Златко Марин.

Дополнително, се очекува и присуство на Амбасадорката Кејт Брнз, како поддржувачи на проектот.

Резултатите од истражувањето, како и целата дискусија ќе бидат презентирани и водени од Анита Николовска – Извршен директор на Младите можат.

Истражувањето е дел од проектот „Младински локални банки“ што Здружението на граѓани „Младите можат“ во моментов го спроведува и е поддржан од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Волонтирај во најголемата младинска фондација во Германија! | SHL

Дали си заинтересиран за работа со млади? Сакаш да работиш во интернационален тим? Да живееш во Германија една година? Тогаш ја имаме совршената можност за тебе!

Младите можат споделува можност за волонтирање која доаѓа од најголемата младинска фондација во Германија, Schuler Helfen Leben и е во времетраење од 13 месеци во Lübeck или Neumünster, Германија.

Волонтерите за време на едногодишната програма ги поддржуваат СХЛ во реализирање на нивните активности и им помагаат во остварувањето на нивните цели. Преку волонтерската програма, СХЛ го поддржуваат личното учење, искуството, размена и вмрежување на волонтерите.

Во моментот отворени се волонтерски позиции во градовите Lübeck и  Neumünster:

  • Во Нојминстер, волонтери од Германија и земјите од Западен Балкан – заедно со тимот на СХЛ од Берлин – ја преземаат одговорноста за спроведување на Социјалниот ден и различни активности во Германија. Волонтерите можат да аплицираат за различни позиции. (види тука)
  • Во Лубек се реализира програма која има за цел поддршка на иницијативите кои произлегуваат од Социјален ден и да овозможи размена на млади низ цела Европа. Волонтерите се дел од тим кој е вклучен во планирање и спроведување настани, работилници и други активности. Познавањето на германски јазик не е потребно, но е корисно. (види тука)

Волонтерите добиваат месечен џепарлак. SHL нуди сместување и ги покрива сите трошоци за живот, за здравствено осигурување и патни трошоци и организира педагошка поддршка и обемна програма за семинари.

Начинот на аплицирање е со испраќање на следните документи:

  • Пополнет апликациски формулар (преземи го формуларот)
  • Мотивациско писмо со содржина не повеќе од една или две страни. Во него објаснувате зошто одлучивте да аплицирате, од каде ви доаѓа мотивацијата и зошто токму вие сте вистинската личност за да волонтера на оваа можност
  • Табеларно CV
  • (Незадолжително) Сертификати, квалификации од проект, работно искуство и слично

Документите се испраќаат на мејлот [email protected].

Краен рок за аплицирање е 07.02.2021 година.

Доколку сте заинтересирани за аплицирање или имате дополнителни прашања, обратете нѝ се на [email protected]

ЧЛЕНСТВО НА МЛАДИТЕ МОЖАТ | 2021 Г.

Веруваме дека можеш да бидеш катализатор на позитивни промени, почнувајќи од себе, а потоа и во денешното општество. Па затоа, те повикуваме да бидеш дел од младите кои ќе започнат промена, најпрво од себе а потоа и на другите околу себе, на тема во која се пронаоѓаш и со можност и слобода да учиш, стекнуваш искуства и преземаш акции.

Преку приклучување во членството на Младите можат ќе имаш можност да да се развиваш на личен план, со секоја своја акција да стануваш подобра и поуспешна личност, да волонтираш и да придонесуваш кон позитивни промени во заедницата во која живееш.

Доколку си млада личност која има желба да го оствари горенаведеното, избери една од трите едукативни програми согласно твоите интереси, потреби и амбиции и спреми се за незаборавни 12 месеци полни активности, учење, развивање вештини, запознавање нови луѓе и стекнување скапоцени искуства. Деталите за трите едукативни програми погледни ги подолу.

Штом одлучиш што е она што ти е потребно во 2020 г. и си спремен на станеш ММ член сѐ што е потребно да направиш е да ја пополниш пристапницата за членство која се наоѓа на овој линк и да почекаш да те исконтактира Софија, координаторот за членство. Потоа ќе следува подмирување на членарината за наредните 12 месеци (јануари 2021 – декември 2021 г.) во износ од 1000 денари, запознавање со останатите членови и започнување на ова патување во кое МЛАДИТЕ МОЖАТ.