ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СРЕДНОШКОЛСКИ ПРОЕКТИ

Здружение ЛЕАД во рамки на проектот UpShift отвора повик за експерт за промоција на 15 средношколски тимови кои креираат социјални иновации за справување со штетните последици од загадениот воздух

ПОЗАДИНА НА ПРОЕКТОТ

UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина.

Програмата ги вклучува младите во општествените процеси со тоа што им дава водство во поглед на идентификација на проблемите во нивната заедница, и потоа заедно со заедницата создава решенија, услуги или производи со кои се адресираат тие проблеми. Овој пристап фокусиран на корисиникот им овозможува на младите да развијат критичко размислување и да се стекнат со вештини, кои можат да се применат во сите области на животот.

Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „UPSHIFT-ers for air quality“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.

Програмата, преку 3 циклуси вклучува 150 средношколци, во 30 средношколски тимови кои дизајнираат решенија и се натпреваруваат за 120.000 денари и менторска поддршка за имплементирање на своите решенија. Од вклучените средношколски тимови, вкупно 15 тимови добиваат можност за спроведување на дизајнираните решенија.

ОПИС НА РАБОТНИОТ АНГАЖМАН

Во рамки на овој повик, бараме лице кое ќе биде активно вклучено во промоција и видливост на работата на 15 средношколски тима во јавноста и во промоција на нивните креирани crowdfunding кампањи за прибирање на дополнителни средства од заедницата за развој на нивните иновации.

Поконкретно, работниот ангажман вклучува:

  • Развивање и спроведување на стратегија за промовирање на средношколските тимови во заедницата, зголемувајќи ја видливоста и поддршката за нивните проекти во јавноста;
  • Креирање на визуелни содржини за промоција на средношколските тимови и нивните проекти;
  • Објавување содржини на социјалните мрежи за промоција на средношколските тимови и нивните проекти;
  • Промоција на креираните crowdfunding кампањи на средношколските тимови за прибирање на дополнителни средства од заедницата за развој на нивните иновации;

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА РАБОТНИОТ АНГАЖМАН

Работниот ангажман предвидува вкупно 36 работни денови, во периодот април – јули 2024 година. Работните денови за секој месец во предвидениот период ќе бидат договорени во координација и комуникација со проектниот тим.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Критериуми за избор:

  • Универзитетска диплома во областа на новинарство, комуникации, маркетинг, бизнис администрација или поврзана област или завршена соодветна академија;
  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство;
  • Развиени вештини за дигитален маркетинг и e-mail маркетинг.
  • Развиени комуникациски вештини и способност за интеракција со разновидна група на засегнати страни;
  • Одлични вештини за пишување и креирање содржини.

Пожелни критериуми:

  • Искуство во работа со млади и со граѓански организации;
  • Познавање на младинските трендови во земјата;
  • Познавање и искуство со crowdfunding како алтернативен модел на финансирање;

Компетенции за позицијата:

  • Способност за приоретизација на обемот на работа и работа со конкретни рокови;
  • Способност за преземање на иницијатива и работа под минимална супервизија;
  • Способност за планирање, реализација и следење на активности.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕТО

Аплицирањето за позицијата се врши со испраќање на:

  1. Кратка биографија (CV);
  2. Мотивациско писмо и
  3. Финансиска понуда за работниот ангажман со надомест по ден.

Потребните документ треба да се испратат на [email protected] најдоцна до 31.03.2024, со назнака „[UpShift] Апликација за експерт за промоција на средношколски проекти“.

ПОВИК ЗА МЕНТОРИ

LEAD во рамки на програмата UPSHIFT отвора повик за креирање база на ментори кои ќе помогнат во реализација на 15 иновативни социјални иницијативи, од страна на средношколски тимови, поделени во три циклуси, поврзани со прилагодување кон климатските промени во секторот ВОЗДУХ. Трите циклуси ќе бидат реализирани во периодот март – август 2024 година и ќе бидат посветени на развој на социјални иновации од страна на средношколски тимови.

UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина. Програмата е наменета за сите средношколци на возраст од 14 до 19 години кои се дел од средните училишта во нашата земја.

Преку програмата UPSHIFT, во секој од трите циклуси, ќе бидат селектирани 10 средношколски тимови, како финалисти, од кои 5 ќе бидат избрани како победнички решенија и ќе добијат поддршка за реализација на решението од 120,000 денари.

ИНФОРМАЦИИ ЗА МЕНТОРСКИОТ АНГАЖМАН

Преку овој повик, ќе бидат избрани најмногу 10 ментори, во зависност од квалитетот на пристингатите апликации. По формирањето на базата на ментори, за секој од трите циклуси ќе бидат барани вкупно 5 ментори од базата кои ќе бидат ангажирани во текот на целиот циклус. Менторскиот ангажман вклучува:

1. Учество на обука за избраните ментори

Секој од избраните ментори ќе земе учество на еднодневна обука за вовед во менторскиот ангажман, запознавање со принципите на менторство предвидени со оваа програма и насоки за спроведување на ангажманот. Обуката за ментори ќе се одржи на 20.02.2024 во канцелариите на ЛЕАД во Скопје.

2. Присуство на UPSHIFT Bootcamp

Петте избрани ментори за секој од трите циклуси ќе учествуваат на тридневниот UPSHIFT Bootcamp каде ќе имаат за задача да менторираат по 2 средношколски тима (секој тим ќе биде составен од 5 члена) со кои ќе работат на подготвување на решението и негово претставување (pitching) пред жири комисијата.

3. Менторирање на еден средношколски тим во период од три месеци

Откако ќе бидат избрани петте победнички тимови и решенија на крајот од UPSHIFT Bootcamp- от, на секој од петте ментори избрани во тој циклус, ќе му биде доделен еден средношколски тим кој ќе го менторира во процесот на спроведување на решението, во период од три месеци. Во овој период од секој ментор се очекува:

  • Организацијата и реализирање на најмалку 6 менторски состаноци;
  • Редовно комуницирање со менторираниот тим и навремен фидбек;
  • Редовно известување на програмскиот координатор на UPSHIFT за текот и функционирањето на средношколскиот тим.
  • Изработка на финален извештај за периодот на менторирање.

ПРОФИЛ НА МЕНТОРОТ

  1. Минимум 2 години искуство во работа со и менторирање на млади луѓе;
  2. Минимум 2 години искуство во реализација на младински иницијативи;
  3. Ќе се смета за предност доколку апликантот има искуство во бизнис развој;
  4. Силни вештини за фасилитирање на групи и процеси.

АПЛИЦИРАЊЕ СЕЛЕКЦИЈА И НАДОМЕСТ

Аплицирањето за менторскиот ангажман се врши електронски со испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на следната e-mail адреса: [email protected], со назнака „UpShift Апликација за ментор“

Рокот за аплицирање е до 14.02.2024.

Програмскиот тим може да одлучи да спроведе интеревјуа со дел од кандидатите. Предвидениот надомест за целокупниот ангажман е 42,000 денари во бруто износ.

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМАТА

  • ФАЗА 1 – Избор на 10 средношколски тимови како финалисти, преку отворен повик за средни училишта;
  • ФАЗА 2- Спроведување на UPSHIFT Bootcamp

Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120,000 денари за имплементација на решението. UPSHIFT Bootcam- овите ќе бидат одржани на следниве датуми:

  1. Циклус 1: 04 – 06 март 2024
  2. Циклус 2: 03 – 05 април 2024
  3. Циклус 3: 25 – 27 април 2024
  • ФАЗА 3- Промоција на иницијативата и активности за прибирање средства

5те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување и fundraising, по што спроведуваат активности за прибирање на дополнителна финансиска поддршка од заедницата.

  • ФАЗА 4- Имплементација на социјалните иновации

Со помош на назначениот ментор 5- те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.

Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.

ПОВИК ЗА СРЕДНОШКОЛСКИ ПРОЕКТИ: Од учење во училницата до грижа за заедницата

Си се запрашал/а ли што можеш да направиш со сите факти и податоци што ги учиш на час? Како теорјата можеш да ја претвориш во пракса? Имаш идеи за проекти, но ти фали поддршка?

Преку овој проект ти нудиме да учиш, да се забавуваш, но и да помогнеш на заедницата со твој проект!

Што треба да направиш:

  • Состави тим од 5 средношколци
  • Вклучи еден наставник
  • Детектирај потреба или предизвик во твојата заедница
  • Смислете решение за чија реализација ќе ги употребите знаењата и вештините стекнати на училиште
  • Аплицирај на следниот ЛИНК најдоцна до 17.09.2023, до 23:59 часот. И добиј 12 000 денари за реализирање на твојата иницијатива!

ШТО ПРЕТСТАВУВА SERVICE LEARNING?

Service Learning (служба за заедницата) е едукативен пристап каде што ученикот ја поврзува теоријата и знаeњата стекнати во училишните клупи преку конкретна активност и проект кој е наменет за влијание во општеството, односно го користите она што го учите на училиште за да направите проект со кој позитивно ќе придонесете кон вашата околина.

КАКОВ ВИД НА ПРОЕКТИ МОЖАТ ДА БИДАТ СПРОВЕДЕНИ?

Проектите со кои аплицирате треба да бидат насочени кон подобрување на одреден предизвик во вашата локална заедница, а во насока на следниве области:

  1. Урбанизација
  2. Животна средина
  3. Маргинализирани лица
  4. Лица со попречености
  5. Волонтерство
  6. Сиромаштија
  7. Помош на други ранливи категории на граѓани

Секој од проектите треба да демонстрира дека се темели на користење знаења и вештини стекнати на училиште во рамки на предметите.

ШТО ДОБИВААТ ИЗБРАНИТЕ ТИМОВИ?

1. ТРИДНЕВНА ОБУКА (28-30 септември)

Одржување на тридневен настан на кој учество земаат избраните 10 тима. Тренингот има за цел да го продлабочи знаењето на учениците за концептот на Service Learning и да ги зајакне нивите капацитети. Стекнатото знаење од обуката ќе претставува водич за ефикасна реализација на иницијативите.

2. ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ (октомври 2023 – февруари 2024)

Секој од селектираните тимови ќе добие финансиска поддршка од 12 000 денари за имплементацијта на проектот во период од три месеци. Посакуваниот резултат е надминување на првично дефинираниот проблем и одржливост на проектот.

3. ПРИЗНАНИЕ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ

Сите вклучени учесници и наставници ќе добијат признание за својот ангажман во проектот, во форма на сертификат.

4. ФИНАНСИСКИ НАДОМЕСТ ЗА ОДГОВОРНИОТ НАСТАВНИК

Одговорниот наставник, кој ќе има улога на ментор на средношколските тимови, за својот ангажамн во спроведувањето на проектот ќе добие финансиски надомест во износ од 3 000 денари.

КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА

Одбирањето на проектите по затворање на повикот за аплицирање се спроведува според следните критериуми:

  • РЕЛЕВАНТНОСТ НА ПРОЕКТОТ → 10 поени- Проектот се базира на реални потреби во општеството и вклучува анализа поткрепена со податоци
  • ПОВРЗАНОСТ СО УЧИЛИШНИТЕ ПРЕДМЕТИ → 10 поени- Проектот прави јасна поврзано со некој/и од училишните предмети
  • ИНОВАТИВНОСТ НА ПРОЕКТОТ → 10 поени- Проектот користи иновативен пристап
  • ИЗВОДЛИВОСТ НА ПРОЕКТОТ → 10 поени- Проектот може да се спроведе во рок од 3 месеци

За избрани ќе се сметаат тимовите кои добиле најголем број поени во процесот на селекција.

ЗОШТО СЕ ПОТРЕБНИ SERVICE LEARNING ПРОЕКТИ?

Отсуството на искуствено учење и и практично применување на знаењето е пречка со којашто се соочуваат средношколците во нашиот образовен систем. Предвидениот материјал претжно им се предава на учениците во вид на факти и податоци. Ваквото еднонасочно учење често доведува до нецелосно разбирање при учење и резултира со пасивност. Поради тоа, многу средношколци сметаат дека не можат да го искористат своето знаење за да влијаат во општеството.

Затоа, Service Learning програмите ти даваат шанса да:

  • Го трансформираш теоретското знаење стекнато од наставата во практична примена
  • Развиеш вештини кои немаш можност да ги стекнеш во училишните клупи
  • Добиеш мотивација да влијаеш во заедницата

ПРИМЕРИ ЗА ИНИЦИЈАТИВИ ПО КОНЦЕПТОТ НА SERVICE LEARNING

Пример 1: Проект: Иницијатива за чистење на животната средина

Проектот опфаќа чистење и обновување на локална природна област. Со акцијата се промовира важноста на зачувувањето на животната средина и подигнување на свеста на луѓето околу истото прашање. Учејќи за екосистеми, загадување, учениците го збогатуваат своето знаење во областа на биологијата, екологијата и други природни науки. Тие практикуваат практично учење на предметниот материјал.

Пример 2: Проект: Програма за нега на стари лица

Идејата на овој проект е подобрување на квалитетот на живот кај старото населението во заедницата. Учениците изработуваат и спроведуваат програма со активности за дружба и поддршка на лица кои престојуваат во дом за стари лица. Притоа, учениците учат за човечки развој, процесот на стареење, меѓучовечки односи и емпатија. Овој проект се поврзува со предмети како психологија и социологија.

Пример 3: Проект: Програма за туторство и менторство

Средношколци заземаат улога на тутор и/или ментор со цел подобрување на академските разултати и пружање на поддршка на помлади ученици. Попатно, средношколците го утврдуваат своето знаење од предмет по избор (математика, мајчин или странски јазик). Тие стекнуваат важни комуникациски, лидерски и наставни вештини, додека помладите ученици развиваат позитивен став кон учењето и училиштето. Од програмата полза имаат двете категории на ученици, преку академски успех и желба за образование, што само по себе е предност на заедницата.

Заинтересиран/а си но имаш уште прашања?

За сите заинтересирани тимови ќе организираме информативна сесија, која ќе се одржи на 6 септември од 12.00ч онлајн на платформата ЗУМ. За да учествуваш на сесијата потребно е да се регистрираш најдоцна до 5 септември на следниот ЛИНК.

Оваа активност е дел од проектот YOU(th) are ALLRIGHT!, поддржан од EU Civil Resilience Mechanism (CRM), во рамките на проектот финансиран од ЕУ “Technical Assistance for improving the enabling environment for Civil Society Organisations in the Republic of North Macedonia”

ПОВИК ЗА КООРДИНАТОР ЗА КОМУНИКАЦИИ

Вклучи се во тимот на LEAD!

Објавуваме повик за координатор за комуникации!

Учество во проекти и програми со млади луѓе.

ГЕНЕРАЛНА УЛОГА И МАНДАТ НА ПОЗИЦИЈАТА

  • 1.1. Координаторот за комуникации е одговорен за креирањето содржини за јавните гласила на организацијата како и промоција на програмите, проектите и услугите на организацијата во јавноста.

ОПЕРАТИВНО РАБОТЕЊЕ

Креирање на содржини

  • 2.1. Подготвува содржини за регуларно одржување на веб-страната на организацијата
  • 2.2. Создава newsletter-и, е-маил соопштенија, и слични содржини
  • 2.3. Ги креира и координира сите објави на социјалните медиуми на организацијата
  • 2.4 Креира клучни пораки за сите тековни проекти во организацијата
  • 2.5 Учествува во процесот на креирање на визуелни содржини
  • 2.6 Подготвува извештаи за успешноста на комуникациските кампањи

Координација

  • 3.1. Одржува редовни контакти со претставници на медиуми (ТВ, весници и портали)
  • 3.2. Соработува со остантите вработени во Извршната канцеларија за ефективно промовирање на сите активности на организацијата
  • 3.3. Координира медиумски активности во кои се вклучени вработените во организацијата
  • 3.4. Идентификува предизвици во промоцијата на организацијата и дава насоки за нејзино подобрување
  • 3.5 Учествува во реализирање на комуникациската стратегија во соработка со Програмскиот директор

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

  • Најмалку 1 година искуство на позицијата за комуникација
  • Искуство во работа со социјални медиуми и рекламирање на социјални медиуми
  • Одлично познавање на пишан и говорен Англиски јазик
  • Одлично познавање и искуство во работа со Microsoft Office пакетот
  • Одлични вештини за пишување и креирање содржини

ПОЖЕЛНИ КРИТЕРИУМИ

  • Искуство во работа и со граѓански организации
  • Познавање на трендовите кај младите и образованието во земјата
  • Соодветна универзитетска диплома или специфицична диплома за посета на програма за усовршување во областа (дигитален маркетинг, комуникации и сл.)
  • Познавање на веб-апликацијата CANVA
  • Познавање на веб-апликацијата MailerLite (или слична програма за e-mail маркетинг)

КОМПЕТЕНЦИИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА

  • Способност за приоретизација на обемот на работа и работа со конкретни рокови
  • Способност за преземање на иницијатива и работа под минимална супервизија
  • Способност за планирање, реализација и следење на активности

ШТО НУДИМЕ?

  • Динамична средина исполнета со активности и работа со млади луѓе
  • Редовен фидбек за перформансите со конкретни насоки за подобрување и личен развој
  • Канцелариски простор за работа со обезбеден компјутер и опрема
  • Почетен бруго надомест од 41 000 денари.
  • Можност за продолжување на ангажманот

Позицијата е за 40 часа неделно работно време.

Аплицирањето за позицијата се врши со испраќање на CV и Мотивациско писмо на следната електронска адреса – [email protected]. Како втора фаза од процесот на селекција, дел од кандидатите ќе бидат поканети на интервју во просториите на организацијата. При последниот чекор од селекција, кандидатите ќе бидат поканети да изработат две едноставни задачи поврзани со позицијата во одреден временски период, со цел да ги демонстрираат своите вештини.

Повикот е отворен се до наоѓањето на соодветен кандидат за позицијата.

Првиот мобилен Биоразградувач за домашна употреба на Балканот

Време е да го спречиме нерационалниот пристап кон остатоците од храна во домаќинствата.

Тимот од СОУ „Гостивар“ е во процес на креирање на биоразградувач „ТТД“ на биоразградлив отпад кој ќе го трансформира во биогас и ќе произведува електрична енергија за домашна употреба.

Преку употребата на ваков тип на биоразградувач можеме да придонесеме кон зголемување на квалитетот на воздухот, а со тоа директно, позитивно да влијаеме врз животната средина. Младите иноватори кои се дел од овој тим веруваат дека промените започнуваат од секој поединец и дека секој треба да донесе одлука која води кон превземање на акција за поздрава и почиста животна средина.

За да продолжат со реализација на нивното иновативно решение потребни им се 48 000 ден. кои ќе бидат употребени за набавка на материјали кои имаат за цел да го направат постоечкиот прототип поевтин и достапен за секого.

Иновативното решение на тимот од СОУ „Гостивар“ може да го поддржите преку ваша донација која може да ја направите на следниот линк: https://ecrowd.mk/projects/2501ffbc-77b3-406d-bbd4-d69553d671dd

Средношколци од Делчево креираа електростатски филтри за намалување на загаденоста на воздухот

Тимот од СОУ„Методи Митевски – Брицо Делчево го изработија првиот електростатски филтер кој работи по принципот на електростатско поле.

Електростатскиот филтер e уред кој се поставува на излезот од печка или оџак и служи за прилепување на штетните честички CO2 од огревното дрво и други токсични материјали кои се користат за затоплување. Филтерот се поставува еднаш и се користи засекогаш, што значи дека за истиот нема потрошни материјали и лесно се одржува.

Младите иноватори го креираа ова иновативно решение во рамки на програмата за социјални иновации UPSHIFT и моментално им се потребни 60 000 ден. за набавака на материјали и изработка на повеќе филтри.

Нивната мисија е: Општина Делчево да стане почисто место на живеење, а за да ја остварат истата имаат потреба од вашата поддршка. Моментално во тек е нивната crowdfunding кампања преку која може да направите донација за поддршка и реализација на нивниот еко-проект.

Вашата донација за изработка на што повеќе електростатски филтри може да ја направите преку следниот линк:  https://ecrowd.mk/projects/18a0f633-760f-48b2-8037-ec5578347506

Повик за Координатор за комуникации

Вклучи се во тимот на LEAD!

Објавуваме повик за координатор за комуникации!

Учество во проекти и програми со млади луѓе.

ГЕНЕРАЛНА УЛОГА И МАНДАТ НА ПОЗИЦИЈАТА

1.1. Координаторот за комуникации е одговорен за креирањето содржини за јавните гласила на организацијата како и промоција на програмите, проектите и услугите на организацијата во јавноста.

ОПЕРАТИВНО РАБОТЕЊЕ

Креирање на содржини

2.1. Подготвува содржини за регуларно одржување на веб-страната на организацијата 2.2. Создава newsletter-и, е-маил соопштенија, и слични содржини 2.3. Ги креира и координира сите објави на социјалните медиуми на организацијата 2.4 Креира клучни пораки за сите тековни проекти во организацијата 2.5 Учествува во процесот на креирање на визуелни содржини 2.6 Подготвува извештаи за успешноста на комуникациските кампањи

Координација

3.1. Одржува редовни контакти со претставници на медиуми (ТВ, весници и портали) 3.2. Соработува со остантите вработени во Извршната канцеларија за ефективно промовирање на сите активности на организацијата 3.3. Координира медиумски активности во кои се вклучени вработените во организацијата 3.4. Идентификува предизвици во промоцијата на организацијата и дава насоки за нејзино подобрување 3.5 Учествува во реализирање на комуникациската стратегија во соработка со Програмскиот директор

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

  • Најмалку 1 година искуство на позицијата за комуникација
  • Искуство во работа со социјални медиуми и рекламирање на социјални медиуми
  • Одлично познавање на пишан и говорен Англиски јазик
  • Одлично познавање и искуство во работа со Microsoft Office пакетот
  • Одлични вештини за пишување и креирање содржини

ПОЖЕЛНИ КРИТЕРИУМИ

  • Искуство во работа и со граѓански организации
  • Познавање на трендовите кај младите и образованието во земјата
  • Соодветна универзитетска диплома или специфицична диплома за посета на програма за усовршување во областа (дигитален маркетинг, комуникации и сл.)
  • Познавање на веб-апликацијата CANVA
  • Познавање на веб-апликацијата MailerLite (или слична програма за e-mail маркетинг)

КОМПЕТЕНЦИИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА

  • Способност за приоретизација на обемот на работа и работа со конкретни рокови
  • Способност за преземање на иницијатива и работа под минимална супервизија
  • Способност за планирање, реализација и следење на активности

ШТО НУДИМЕ?

  • Динамична средина исполнета со активности и работа со млади луѓе
  • Редовен фидбек за перформансите со конкретни насоки за подобрување и личен развој
  • Канцелариски простор за работа со обезбеден компјутер и опрема
  • Бруто надоместок од 21400 денари
  • Можност за продолжување на ангажманот

Избраното лице ќе биде ангажирано на период од 8 месеци од кои 1 месец ќе биде платен пробен период.

Позицијата е за 25 часа неделно работно време.

Аплицирањето за позицијата се врши со испраќање на CV и Мотивациско писмо на следната електронска адреса – [email protected]. Како втора фаза од процесот на селекција, дел од кандидатите ќе бидат поканети да изработат две едноставни задачи поврзани со позицијата во одреден временски период, со цел да ги демонстрираат своите вештини. Кандидатите со најдобро изработени задачи ќе бидат повикани на интервју.

Рокот за испраќање на апликациите е 23 октомври.

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Circular Economy Hot Spots

Имаш интерес и идеи за животната средина, циркуларната економија и претприемништво? Аплицирај да бидеш дел од меѓународен проект, посетиш егзотични локации и стекнеш практично искуство.

LEAD упатува повик за селекција на 10 млади луѓе на возраст од 15-23 години кои ќе учествуваат во проектот Circular Economy Hot Spots.

Целта на проектот е да ги поттикнеме младите луѓе да придонесат за животната средина преку концептот на циркуларна економија и претприемништво.

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОЕКТОТ?

Преку проектот избраните учесниците ќе имаат можност да учествуваат на три меѓународни тренинзи во текот на 2022 година но и да реализираат сопствена зелена локална иницијатива.

Деталните активности се следни:

1. Тренинг – Идентификување на зелени предизвици 16-24 мај 2022 година во Гвадалупе (Карибски острови)

2. Тренинг – Развивање на Green Entrepreneurial Objectives (GEO) 16-22 септември 2022 во Охрид

3. Тренинг – Рефлексија и развој на одржливи планови декември 2022 во Италија

Во рамки на целиот проектот, тимот кој ќе биде селектиран од С.Македонија ќе биде поделен на 2 еднакви групи од по 5 лица кој помеѓу секој тренинг ќе има за задача да реализира сопствена зелена локална иницијатива.

Учеството на сите три тренинга како и реализацијата на иницијативите се задолжителни за сите селектирани учесници. Покрај 10-те учесници од Македонија, на сите активности ќе учествуваат и по 10 учесници од Италија и Франција.

НАЧИН НА АПЛИКАЦИЈА И СЕЛЕКЦИЈА

Право на аплицирање имаат млади на возраст од 15 до 23 години кои во моментов се дел од некои од средните училишта или се редовни студенти на некои од Универзитетите во С.Македонија.

Аплицирањето се врши со пополнување на следната АПЛИКАЦИСКА ФОРМА најдоцна до 10 април 2022 година.

Критериумите за селекција се следни:

–>Разбирање на областа циркуларна економија – 10 поени
–>Мотивација за учество – 10 поени
–>Искуство/интерес/позадина со теми поврзани со животната средина – 10 поени
–>Познавање на англиски јазик – 10 поени

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО И ТРОШОЦИ

Селектираните учесници ќе бидат известени најдоцна до 15 април 2022 година.

Котизацијата за учество во целокупниот проект е 2000 денари. Котизацијата ќе бидат уплатена еднократко по изборот на учесниците. Сите трошоци поврзани со учеството на тренинзите, пат, сместување и храна се покриени од страна на проектот.

КОВИД-19 услови:

Заради КОВИД-19 протоколите, сите аплицирани мора да бидат целосно вакцинирани со некоја од следните вакцини: Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield или Johnson & Johnson.

И тоа под услов да се поминати:

–>7 дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield (вакцини признати од Европската агенција за лекови-EMA)
–>28 дена од Johnson & Johnson;
–>7 дена од трета доза mRNA вакцина (Pfizer) за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови-EMA.

КАКО ЌЕ ТИ КОРИСТИ ПРОЕКТОТ?

Учеството на проектот ќе ти овозможи да:

–>Се запознаеш повеќе со темата на Циркуларна економија
–>Научиш повеќе за претприемништво и реализирање на одржливи проекти
–>Влијаеш во твојата локална заедница
–>Ги развиеш твоите интеркултурни вештини како и англискиот јазик
–>Стекнеш практично искуство во реализација на зелените иницијативи

Сите учесниците кои ќе го комплетираат целокупниот проект ќе добијат сертификати за учество.

КОЈ ГО РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТОТ?

Проектот Circular Economy Hot Spots го реализираме во соработка со ЕдуАктив од Италија и Ride In од Гвадалупе. Проектот е финансиран преку програмата Еразмус+

ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧ ЗА РАБОТА СО DESIGN THINKING МЕТОДОЛОГИЈА

LEAD во рамки на програмата UPSHIFT има потреба од ангажирање на 1 обучувач за работа со методологијата на Design Thinking коj ќе придонесе за развој на 5 иновативни социјални иницијативи поврзани со прилагодување кон климатските промени во секторот ВОДА.

UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина.

Првиот циклус ќе биде реализиран од март до јули 2022 и ќе биде посветен за развој на социјални иновации за прилагодување кон климатските промени во сектор ВОДА. Целосниот повик е достапен на следниот ЛИНК. Повикот на албански јазик е достапен на следниот ЛИНК.

Преку програмата UPSHIFT, ќе бидат селектирани 10 финалисти, од кои ќе бидат избрани 5 победнички решенија кои ќе добијат поддршка за реализација на решението од 120 000 денари.

ИНФОРМАЦИИ ЗА АНГАЖМАНОТ

Една од главните одлики на програмата UPSHIFT е користењето на методологија на Design Thinking за истражување на проблемите/предизвиците и изнаоѓање на соодветни и иновативни решенија. Методологија на Design Thinking е предвидено да биде користена за време на ФАЗА 2, при реализирање на UPSHIFT Bootcamp од 14 до 16 април.

За време на UPSHIFT Bootcamp 10 средношколски тимови, секој составен од по 5 членa ќе треба да поминат низ процесот на Design Thinking за детализирање на проблемите/предизвиците и изнаоѓање на решенијата. Целта на Bootcamp-от е да се изберат 5 победнички социјални иновации во секторот вода.

Работните задачи на обучувачот ќе опфаќаат:

1. Подготовка на програма и активности за UPSHIFT Bootcamp од 14-16 април според методологија на Design Thinking во соработка со Програмскиот координатор на UPSHIFT;
2. Реализација и водење на сесиите предвидени за користење на Design Thinking од 14 до 16 април;
3. Подготовка на краток извештај за ангажманот.

ПРОФИЛ НА ОБУЧУВАЧОТ

1. Минимум 4 години искуство во реализација на обуки и тренизи;
2. Минимум 4 реализирани обуки/тренинзи со користење на методологијата на Design Thinking;
3. Ке се смета за предност доколку апликантот e сертифициран или има комплетирана едукација како обучувач/тренер;
4. Силни вештини за фасилитирање на групи и процеси;
5. Силни комуникациски и вештини за презентирање.

АПЛИЦИРАЊЕ, СЕЛЕКЦИЈА И НАДОМЕСТ

Аплицирањето за обучувач се врши електронски со испраќање на кратка биографија во која се наведени претходни слични ангажмани и мотивациско писмо на следната e-mail адреса: [email protected], со назнака „UpShift Апликација за обучувач“

Рокот за аплицирање е до 30.03.2022. Програмскиот тим може да одлучи да спроведе интеревјуа со дел од кандидатите.

Предвидениот надомест за целокупниот ангажман е 36 000 денари во бруто износ.

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМАТА

ФАЗА 1 – ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМ/ПРЕДИЗВИК, СО МОЖНО ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЕ И АПЛИЦИРАЊЕ (МАРТ)

ФАЗА 2 – UPSHIFT BOOTCAMP (14-16 АПРИЛ, СТРУГА)

Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120000 денари за имплементација на решението.

ФАЗА 3 – ПРОМОЦИЈА И АКТИВНОСТИ ВО ЗАЕДНИЦАТА (МАЈ)

5те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување, а дополнително се претставуваат и на еднодневен настан за дополнителна поддршка од заедницата и прибирање на средства.

ФАЗА 4 – ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ (МАЈ-ЈУЛИ 2022)

Со помош на назначен ментор 5те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.

Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.