Повик за учесници на трета работилница на тема „ Подигнување на свеста за работничките права меѓу младите “

Повик за учесници на трета работилница на тема „ Подигнување на свеста за работничките права меѓу младите “

Ве поканиме на третата работилница од циклусот работилници за работнички права кои се одржуваат во рамките на проектот „ Подигнување на свеста за работничките права меѓу младите“.

Целта на оваа работилница е младите кои бараат работа или веќе се во работен однос да ги осознаат работничките права и како тие би постапиле во момент кога истите се прекршени.
Исто така, ќе се посвети внимание и на тоа што значи синдикализам и синдикат и колку е истиот важен за еден работник.

Работилницата е отворена за млади до 29 години, студенти, баратели на работа и во работен однос. На работилницата ќе се опфатат реални проблеми од областа на работничките права, можните начини за заштита и искористување на истите.
Пријавувањето ќе биде отворено до 15.08.2017 година до 23:59 часот.
Избраните кандидати ќе бидат известени на 16.08.2017 година, за што ќе бидат известени за времето и местото на одржување на работилницата.

Работилницата ќе се одржи на19.08.2017 година ( сабота) во Битола.
Храната и патните трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторот.
Проектот „ Подигнување на свеста за работничките права меѓу младите “ е поддржан од проектот на УСАИД за Граѓанско учество во рамките на стипендираната програма за млади LEAD MK, а се спроведува од страна на стипендистот на LEAD MK програмата: АТАНАСОВСКА Ивана

Формуларот за пријавување може да го најдете на овој линк.

Share this:

Leave a Reply