Повик за учесници на обукa на тема „Млади и младински политики “

Повик за учесници на обукa на тема „Млади и младински политики “

Повик за учесници на
обукa за млади и претставници на младински организации на тема
„Млади и младински политики “

Центарот на заедницата на Oпштина Центар, објавува повик за учесници на обука за
млади и претставници од младински организации на тема „Млади и младински политики“.
Обуката има за цел да им обезбеди на учесниците соодветна подготовка во креирањето и
спроведувањето на младински политики и да ги унапреди нивните вештини.
Обуката ќе се одржи на 25.10.2017 г. (среда) во Канцеларијата на млади на општина
Центар на бул. Кирил и Методиј (поранешен Мито Хаџивасилев Јасмин) бр. 7/1, локал 18.

Кандидатите за учество на обуката треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– Активно членство во младинска организација, неформална група или ЛМС;
– Возраст до 30 години,
– Да покажат интерес за стекнување и примена на нови знаења и вештини во делот на
младински политики;
– Да покажат интерес за унапредување на својата и работата на организациите во кои членуваат.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до понеделник, 23 октомври 2017 година, со испраќање на комплетно пополнета електронска пријава на следниот e-mail: vesna.kukovska@cccentar.mk. Пријавата може да се преземе од официјалната web страна
на Центарот на заедницата на општина Центар: www.cccentar.mk.

Бројот на учесници е ограничен. На обуката може да бидат прифатени 3-5 претставници
од иста организација. При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и
родовиот баланс на групата, како и вклученоста на лицата со посебни потреби. Кандидатите
треба да бидат во можност да учествуваат на обуката во горенаведениот период. Обуката ќе се
одржи на македонски јазик од страна на искусен обучувач.

Share this:

Leave a Reply