Влијание на европските програми за младинска мобилност врз одливот/приливот на кадар во Република Македонија

Влијание на европските програми за младинска мобилност врз одливот/приливот на кадар во Република Македонија

Процесот на пристапување кон ЕУ отвора нови перспективи за младите да патуваат, учат, студираат, стажираат и работат во странство, пред се во некоја од земјите-членки на ЕУ.

Оваа анкета има за цел да ги утврди општите тенденции во однос на желбите и намерите на младите по завршувањето на програмите за мобилност, односно да испита дали младите (15-29 години) размислуваат во насока да ја напуштат земјата или да останат, како и причините што ги насочуваат во едниот или другиот правец. Анкетата ја спроведува Центарот за истражување и креирање политики со финансиска поддршка на Амбасадата на Француската Република во Скопје, во рамки на пошироко истражување кое ќе води кон дефинирање на чекори што треба да се преземат со цел европските програми за младинска мобилност да придонесат кон прилив на квалитетни кадри во Република Македонија.

Ве молиме во следните прашања изберете го одговорот кој најсоодветно ја одразува Вашата ситуација или мислење. Дел од прашањата се задолжителни, а дел не, имајќи ја предвид нивната логична поврзаност и релевантност согласно претходно дадениот одговор.

Прашалникот е достапен тука.

Share this:

Leave a Reply