Повик за учесници за работилници во ПОУ ”Иднина” – Скопје

Повик за учесници за работилници во ПОУ ”Иднина” – Скопје

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Европската Унија (ЕУ).

Две работилници ќе се одвиваат еднаш неделно во мај месец 2017. Една работилница трае 1 час. Младинските програми се наменети за учесници кои се млади лица на возраст од 10 до 18 ( од 10 до 15 години ученици со попречености, од 15 до 18 години ученици со типичен развој).

 

Тема:

Да се зголеми социјалната инклузија на млади лица со попречености и нивните врсници.
Да се вклучат млади лица со попречености во активности од неформално образование
Да се зајакне комуникацијата помеѓу младите лица со попреченост и без.
Да се зголем свесноста за правата на децата со попреченост.
Да се истражи креативноста и различните култури преу социјална инклузија.
Работилниците се реализираат во: ПОУ „Иднина„ – Топанско Поле

 

Работилниците се одвиваат на: 19 и 26 мај во 12 часот во просториите на училиштетото.

 

Профил на учесници:

Учесници кои се заинтересирани за соработка
Учесници кои се заинтересирани за запознавање на различностите и потребите на лицата со посебни потреби.
Учесници кои имаат желба за потикнување на социјалната инклузија.
Учесници кои имаат желба за стекнување на неформално образование.

 

Апликациската форма можете да ја најдете тука.

Доколку имате дополнителни прашања можете да не исконтактирате на:

bisovska.ib@gmail.com

Локација:
ПОУ ''Иднина'' - Скопје
Рок за аплицирање:
18.05.2017

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply