ПОВИК ЗА КРАТОК ЕВС ПРОЕКТ ЗА 2 МЕСЕЦИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 28 Август – 25 Октомври 2018

ПОВИК ЗА КРАТОК ЕВС ПРОЕКТ ЗА 2 МЕСЕЦИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 28 Август – 25 Октомври 2018

Што: Европски Волонтерски Сервис – ЕВС

Кога: 28 август – 25 октомври 2018

Каде: Мерсин, Турција

Организација – домаќин: Akdeniz Üçüncü Göz Eğitim ve Gençlik Derneği (Third Eye Education and Youth Association of Mediterranean – TEAM) – е основана во 2009 год. со цел да го заштитат дивиот и природен свет со локалната заедница и младината во и околу Мерсин. ТЕАМ особено многу се грижат за морските желки (Caretta-Caretta and CheloniaMydas) кои ги оставаат своите јајца на брегот на Казанли-Мерсин и се под ризик од истребување. ТЕАМ работат како ЕВС координациска организација во Мерсин (праќање и примање на волонтери). Еден од најзначајните приоритети на проектот ќе биде промоцијата на активен граѓански дух, поттикнување на волонтеризмот и духот на соработка и солидарност на младинска група.

Активности од неделната програма:

-состанување со ментори и проектни координатори, дискусија, информирање

-чистење на брегот каде желките ги несат своите јајца

-подготвување на медиумски објави за заштита на животната средина

-поддршка околу турскиот јазик

-состанување со локални жители и информативни активности околу животната средина

-информативни работилници

– создавање свест околу заштита на животната средина, рециклирање, повторна употреба, намалување, помеѓу младината и децата преку театар, игри, флеш-мобови итн., зависно од креативноста на групата.

Волонтерите ја чистат плажата доцна попладне и одат по плажата ноќе за да водат сметка и да ја заштитат мајката и малечките морски желки од предатори (како кучиња и ракови). Во периодот мај-јуни, мајките желки ги несат своите јајца на плажата и малечките желчиња се ведат кон крајот на јули.

Волонтерите ќе бидат активни на проектот 35 часа во неделата (часовите за јазик се вклучени во тоа). Деновите за пристигнување и заминување не влегуваат во времето за волонтирање. Распоредот на волонтирање може исто така да трпи промени од време на време – некои периоди ќе бидат позафатени, а некои ќе бидат пофлексибилни. Планирањето на активностите волонтерот треба да го направи заедно со организацијата-домаќин.

Храна и сместување

Сместувањето ќе биде покриено од Турската Национална Агенција. 100% од патните трошоци се покриени од Турската Национална Агенција. Доволно храна исто така ќе биде обезбедена за волонтерите. Волонтерите имаат обврска да ги готват своите оброци секој работен ден. Волонтерите ќе бидат сместени во 3 стана. Волонтерите ќе ги споделуваат заедничкиот простор и спалната, најмногу до 4 лица во една соба. Станот се наоѓа блиску до областа од проектот и има двојни спални, кујна, дневна соба и сите останати делови. Има воглавно корисни материјали како интернет, фрижидер, чајник, рерна, топла вода.

Јазичен курс: Ќе има организиран јазичен курс по турски јазик од 4 часа неделно.

Локација:
Мерсин, Турција
Рок за аплицирање:
12 август
Како да аплицирате:
Испратете ни го вашето мотивациско писмо и CV на kriksending@gmail.com.
Други детали:
Партиципација за учество кон Крик: 300 денари

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply