ПОВИК ЗА ДОЛГОРОЧЕН ЕВС ПРОЕКТ ЗА 11 МЕСЕЦИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 25 СЕПТЕМВРИ 2018 – 25 АВГУСТ 2019 ВО ИТАЛИЈА

ПОВИК ЗА ДОЛГОРОЧЕН ЕВС ПРОЕКТ ЗА 11 МЕСЕЦИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 25 СЕПТЕМВРИ 2018 – 25 АВГУСТ 2019 ВО ИТАЛИЈА

Што: Европски Волонтерски Сервис – ЕВС (волонтерски проект) Stop Divisions! Reappropriation of European values through Volunteering Service Vol. 2

Кога: 25 септември 2018 – 25 август 2019

Каде: Ченто, Италија

Организација – домаќин: A.S.D. Ferfilò –

Ferfilò е непрофитна младинска асоцијација, која работи во локалната заедница на Ченто, округот на Емилија Ромања, Италија. Основана од 4 млади пријатели, од 2009 година креира и управува со активности поврзани со светот на децата и младите. Името доаѓа од локален израз што значи “да зборуваат едни со други, да раскажуваат приказна”.

Ferfilò дизајнира, организира и управува со образовни и културни активности со цел да се создаде зајакнување на искуства за личен развој и развој на заедницата, како на локално, така и на Европско ниво. Исто така, го поттикнува изразувањето на младинска креативност и вредностите во врска со младинското волонтерство. Мисијата на Ferfilò е: “Да креира нови образовни референтни точки, да се создадат иновативни можности кои ќе се дискутираат за заедничко учење и развој преку неформално образование”.

Волонтерот ќе учествува во:

– Ко-дизајнирање и имплементирање на неформални лаборатории за деца и млади;

– Ко-дизајн и имплементација на лаборатории со мигранти, вклучувајќи ги и интеркултурните активности, раскажување приказни, креативно пишување, неформални техники итн;

– Поддршка на Европската канцеларија на Informagiovani+ со информации, упатства, поддршка за младите за Европска мобилност, Europass CV и Youthpass. Учество во насоки и активности за дисеминација во училиштата, младинските центри и пишување на Е + проекти.

– Поддршка на едукаторите за училишни активности: по училишните активности, лаборатории за активно граѓанство и социјална инклузија, изработка на уметнички лаборатории со цел да се развијат 8-те клучни компетенции за учење

– Подготовка и спроведување активности за Активно и Европско граѓанство за Consiglio dei Ragazzi и Tavolo dei Giovani. На волонтерите ќе им биде дадена можност да учествуваат во тимска работа и ќе бидат замолени да креираат нови активности, почнувајќи од своето потекло, вештини, интереси, истории.

Дизајнирањето на иновативни активности цели кон тоа да им даде на волонтерите вистински и практични шанси да бидат протагонисти на граѓанскиот и културниот живот на Ченто, вклучувајќи ја и организацијата на интеркултурни настани. Ferfilò е подготвен да им понуди на волонтерите можност да изразат младински потенцијал и позитивни енергии за врснички дневни активности.

Храна и сместување

Станот за волонтери е лоциран на via Cremonino 42-19, 44042 Cento FE. Тоа е седум-катна зграда која се наоѓа во центарот на градот со стан за волонтерите на последниот кат. Постојат 2 спални, дневна соба, кујна, бања и тоалет, тераса со убав поглед и балкон. Волонтерите ќе имаат свои спални соби, додека другите простории ќе се делат.

Јазичен курс

На волонтерот ќе му биде обезбеденa Онлајн лингвистичка поддршка (Online Linguistic Support) за учење италијански јазик, а исто така волонтерот ќе посетува и курс по италијански јазик.

Постапка за аплицирање:

Ако мислите дека ова е можност за Вас и би сакале да бидете поактивни во активностите на Ferfilò во следните 11 месеци, испратете ни го вашето мотивационо писмо и CV на kriksending@gmail.com.

За некои дополнителни информации, контактирајте не’ на kriksending@gmail.com.

 
Локација:
Cento. Italy
Рок за аплицирање:
15 aвгуст
Како да аплицирате:
Испратете ни го вашето мотивационо писмо и CV на kriksending@gmail.com.
Други детали:
Партиципација за учество кон Крик: 300 денари

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply