Повик за 3 учесници за Тренинг курс во Малта

Повик за 3 учесници за Тренинг курс во Малта

ШтоТренинг курс со наслов “Superheroes”

Кога04 – 11.11.2018

КадеМалта.

Опис на проектотНа тренинг курсот ќе се истражуваат “Стрипови” како техника и неформална алатка за образование за да се ангажираат младите луѓе и да се справат со нивните потреби. Ова ќе ги опреми младинските работници / лидерите со вештини, знаења и компетенции преку голем број цели.

Цели на тренинг обуката: 1. Да научите како да ги идентификувате потребите на младите луѓе; 2. Да ги истражите и да ги разберете “Стриповите” како медиум за да испратите порака и да привлечете целна публика; 3. Да научите како да развиете главен лик за стрипот како средство за крај; 4. Да научите како да создадете заплет за стрип приказна за да вклучите публика; 5. Да се разбере како стрипот може да се искористи како алатка за младински работници / лидери и други едукатори со тешкотии во учењето; 6. Да истражите и да разберете како приказната може да се искористи за да се справите со чувствителна субјективност, притоа избегнувајќи да се идентификувате со проблемот.

Профил на учесници: – да се на возраст од +18 – да се активни во организацијата повеќе од 1 година – да се заинтересирани за примена на техники на стрипови – да имаат интерес да продолжат да развиваат свои обуки за неформално образование – да бидат подготвени да се посветат на продолжување на дисеминација на резултатите по обуката.

Ако сте заинтересирани, пополнете ја оваа апликациска форма.

!!Само избраните учесници ќе бидат контактирани!!

Рок на аплицирање: 31 август, 2018.

Трошоците за храна, сместување, материјали за обука се покриени од организацијата домаќин. Патните трошоци до местото ќе се рефундираат максимум до 275 EUR.

Партиципација за учество за ЦМА Крик: 600 MKD

За некои дополнителни информации, контактирајте не на kriksending@gmail.com.

Локација:
Малта
Рок за аплицирање:
31 август, 2018
Други детали:
Партиципација за учество за ЦМА Крик: 600 MKD

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply