[Повик] ЕВС волонтер во Бугарија

[Повик] ЕВС волонтер во Бугарија

Сакаш да се изразуваш креативно? Да се запознаеш со локално население? Сакаш да правиш видеа и да водиш радио емисија?

Младите Можат повторно нуди можност за едногодишен ЕВС во Сливен, Бугарија. Почнувајќи од 01.09.2018 па се до 31.08.2019 ќе имате можност да работите како еден од трите волонтери кои ќе работат  во Dream of romance, flowers and space. Доколку си на возраст од 18-29 години, заинтересиран/а си да креираш видеа и да се запознаваш со нови луѓе – оваа можност е токму за тебе!

Пред еден месец, токму оваа можност ја искористи Лидија која вели:

Да се биде волонтер во Сливен е прекрасно искуство. Еден месец сум веќе тука а запознав извонредни луѓе од кои може многу да се научи. Од сите искуства и авантури кои ги имам за овој месец имам чувство дека веќе сум тука една година. Ве охрабрувам да аплицирате на повикот, јас ќе бидам тука да ви помогнам во било кое време.“ – Лидија, ЕВС волонтер

Целта на проектот е интеркултурна размена со локалното население на Сливен преку радио емисија,  Youtube канал како и преку методите на неформалното образование.

Неколку од одговорностите на волонтерите ќе бидат:

  • Работа на локално ниво со пристап на неформално образование
  • Подготовка на неделни филмски вечери
  • Креирање видео содржини и едитирање
  • Одржување на Youtube канал со видео материјали
  • Правење теренски и веб интервјуа

Организацијата ви овозможува сместување, интернет, храна, месечен надоместок како и часови по бугарски јазик. Како дел од проектот ќе имате можност да патувате за време на викендите како и да бидете дел од активностите кои тие ги организираат. Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата.

Целосниот Инфо пакет можете да го најдете со клик тука. Сите заинтересирани можат да ни испратат CV и мотивациско писмо најдоцна до 15.08.2018 на info@youthcan.org.mk .

Во прилог, можете да го погледнете најскорото видео кое го изработија волонтерите со локалното население.

Локација:
Сливен, Бугарија
Рок за аплицирање:
15.08.2018
Како да аплицирате:
Испраќање CV и мотивациско писмо до info@youthcan.org.mk

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply