Мобилност на младински работиници во Обединетото Кралство

Мобилност на младински работиници во Обединетото Кралство

Проектни датуми:

01.02.2019 – 30.11.2019 (10 месеци)

Рок за аплицирање: 30.09.2018

Место: Кардиф, Велс, ОК

ЗА ПРОЕКТОТ:

Главна цел на овој проект е да им се даде можност на лицата кои почнуваат да се развиваат како младински работници, да стекнат знаења, вештини и практично искуство кои се неопходни за поддршка на младите, особено на оние од маргинализираните средини (етнички малцинства, семејства со ниски примања, итн.), лица кои се наоѓаат во ранливи ситуации (инвалидност, јазични бариери, итн.) и NEET (лица кои не се вработени, во образование и обука). Проектот ќе придонесе за професионалниот развој на група младински работници преку образование и/или обука во Македонија, Естонија и Обединетото Кралство преку нивно вклучување во обука и практично работно искуство во сите од горе-наведените нации, како и преку развивање на офлајн и онлајн алатки кои понатаму ќе може да ги применуваат во својата идна работа на ова поле. Една од главните цели на соработката е развојот на акредитацијата и признавањето на професионалната младинска работа во Велика Британија, Естонија и Македонија, како и во Европа, па дури и во глобален контекст.

Mеста каде што младинскиот работник ќе биде вклучен:

Cathays & Central Youth & Community Project (CCYCP) е непрофитна и добротворна организација која има за цел да и служи на заедницата на Cathays и централен Кардиф. Со него управува волонтерски одбор на избрани членови од локалната област кои ракоовдат со организацијата и обезбедуваат услуги за локалното соседство и Кардиф во форма на настани, проекти, клубови и објекти. Cathays Community Center, Кардиф, поставува база за заедница и младински објекти, нуди социјално неформално образование и други непрофитни активности. Тие имаат забавни и пријателски младински клубови во Кардиф наменети за млади и оние со потешкотии во учењето и со попреченост. Сите младински клубови наплаќаат влез од 1 фунта, по што сите објекти се бесплатни. Исто така, тие имаат и одбор на млади кои обезбедуваат застапеност во управниот одбор на CCYCP и во разни младински форуми во Кардиф.

Планирано е младинскиот работник да работи овде 3 дена во неделата.

За аплицирање, испратете го вашето CV на info@cid.mk со назнака Mobility of youth workers “The Future of Youth Work” in UK не подоцна од 30 септември 2018.

Share this:

Leave a Reply