Мобилност на младински работиници во Естонија

Мобилност на младински работиници во Естонија

Проектни датуми: 01.10.2018 – 30.11.2018 (2 месеци) Ова позиција е пополнета. 01.02.2019 – 30.11.2019 (10 месеци) Рок за аплицирање: 30.09.2018 Место: Талин, Естонија   ЗА ПРОЕКТОТ: Главна цел на овој проект е да им се даде можност на лицата кои почнуваат да се развиваат како младински работници, да стекнат знаења, вештини и практично искуство кои се неопходни за поддршка на младите, особено на оние од маргинализираните средини (етнички малцинства, семејства со ниски примања, итн.), лица кои се наоѓаат во ранливи ситуации (инвалидност, јазични бариери, итн.) и NEET (лица кои не се вработени, во образование и обука). Проектот ќе придонесе за професионалниот развој на група младински работници преку образование и/или обука во Македонија, Естонија и Обединетото Кралство преку нивно вклучување во обука и практично работно искуство во сите од горе-наведените нации, како и преку развивање на офлајн и онлајн алатки кои понатаму ќе може да ги применуваат во својата идна работа на ова поле. Една од главните цели на соработката е развојот на акредитацијата и признавањето на професионалната младинска работа во Велика Британија, Естонија и Македонија, како и во Европа, па дури и во глобален контекст. За оваа мобилност има 2 различни позиции за кои во согласност со потребите на организацијата-домаќин, кандидатот ќе биде назначен за една од нив или ќе биде направена комбинација од двете: Позиција 1: Младинскиот работник во НВО INVOLVED INVOLVED е невладина организација која има за цел да создаде можности за доживотно учење и да го поттикнува развојот на поединци и различни цели на локално и меѓународно ниво. Преку проширување на хоризонтите, развивање на практични вештини и нудење на информации и активности, тие имаат за цел да поттикнат поактивно учество во граѓанското општество. Организацијата исто така е активна и во проекти наменети за мобилност на млади и нивен развој, развој на волонтерска работа, интеркултурно учење, интеграција и миграција, еднакви и човекови права. Оваа позиција бара и е насочена повеќе кон развивање на практични вештини, проширување на хоризонтите, а со тоа и обезбедување на можности за активно учество во општеството; собирање, обработка и дистрибуција на информации; подготовка на публикации, лекторирање и издавање; подготовка и спроведување на проекти; советување и информативни услуги; вклучување во и помагање при кампови, младински размени, обуки, семинари, конференции, курсеви, работилници, изложби, настани, итн, и годишните настани на организацијата; користење на театарот како метод на социјална интеграција, демонстрација, развој и имплементирање на овој метод на локално и на меѓународно ниво; волонтирање при развивање, промовирање и координирање на настани  локално и меѓународно ниво. Лицата вклучени во организацијата имаат долгогодишно искуство во различни програми како што се програмите Млади во акција и Леонардо Да Винчи преку кои работата со млади со помалку можности, не само во Европа туку и подалеку. INVOLVED доби легален статус во 2012. Организацијата е инфо-точка на EURODESK во Естонија. Позиција 2: Младински работни во еден од младинските центри во Естонија Младинските центри во Талин или пошироко, во цела Естонија, се втор дом на млади лица на возраст од 7-26 год. Тука, младите луѓе имаат можност да го поминат своето слободно време во добро друштво и да учествуваат во локални и меѓународни проекти. Младинските центри нудат многу можности за надоградување, помагаат при поттикнување на волонтерство, тимска работа и здобивање со искуство преку организирање на настани, развивање на комуникациски вештини и вмрежување со други организации и младински работници. ЗАДАЧИ ОД ПРОЕКТОТ – тестирање на нови пристапи на младинска работа – споделување, спроведување и ре-евалуација на теоретска пракса; – креирање и прикачување на содржина на едукативната програма (2.5 часа неделно најмалку работа на платформата) како што се онјалн курсеви, видеа, статии, итн. врз основа на искуства и учење преку прецизно изведени експериментални имплементации на нови алатки за онлајн едукативната платформа; – придонесување кон филмот преку креирање на 3-4 минутно видео секоја недела, врз основа на нивните активности и искуства; – вклучување во степен на самоевалуација и рефлексија преку снимање на индивидуални видеа и креирање на онлајн статии; – осигурување на успешна дисеминација на резултатите помеѓу чинителите (преку подготвување на статии и делови од прирачникот)   ПРОФИЛ НА КАНДИДАТИ
  • 18+
За аплицирање, испратете го вашето CV, мотивациско писмо со назнака за позицијата за која аплицирате на info@cid.mk не подоцна од:
  • 1 август 2018 за краткорочната мобилност;
  • 30 септември 2018 за долгорочната мобилност.

Share this:

Leave a Reply