Д ФЕСТИВАЛ го отвори повикот за волонтери на годинашното издание!

Д ФЕСТИВАЛ го отвори повикот за волонтери на годинашното издание!

Кој сака да е дел од волонтерскиот тим на Д Фестивал!?

Во духот на постојаниот напредок, секоја година ја афирмираме волонтерската програма во чии рамки Д ФЕСТИВАЛ ги повикува сите млади луѓе од Македонија кои сакаат да стекнат драгоцени искуства од фестивалскиот организациски ангажман, да се пријават на конкурсот и на тој начин да станат дел од нашиот тим.

Подгответе се за тридневна авантура во која ќе научите еден тон работи, одблизу ќе го видите процесот на организација и ќе имате можност да запознаете и да се дружите со еден куп супер кул луѓе, артисти и уметници од Македонија и надвор.

Покрај задолжителниот ангажман од 6 часа во една смена, волонтерите на Д Фестивал имаат обезбедено влезница, превоз, храна и простор за шатор во „Артист Вилиџ“ зоната во кампот. Волонтирањето трае од 5ти до 9ти јули, пред почеток, и за време на Д Фестивал, а по завршувањето на волонтирањето, волонтерите добиваат сертификат со кој се докажува нивниот ангажман.

Ги охрабруваме сите заинтересирани да се пријават со, име и презиме, контакт број, возраст и линк од фејсбук профил (доколку имате) на следниот мејл: gorjana@password.mk

Рокот за пријавување е 15ти јуни.

Share this:

Leave a Reply