Академија за волонтери

Академија за волонтери

Мултикултура објавува отворен повик за учесници на Академија за волонтери која ќе започне на 12 јули 2018.

Посветените млади во текот на тримесечниот период ќе можат да стекнат нови вештини поврзани со претприемништвото, застапувањето, активизмот, уметноста и занаетите, човековите права, слободниот говор, како и многу игри и социјални активности.

Ги покануваме сите волонтери и други млади активни граѓани да аплицираат за оваа неверојатна можност, најдоцна до 09.07.2018 година!

Ако сакате да бидете дел од првата Младинска волонтерска академија во Македонија и да уживате со други ентузијастички млади луѓе и волонтери, пополнете ја оваа пријава и почекајте да имате одлично и едукативно лето!

Апликацијата е достапна на овој линк.

Share this:

Leave a Reply