Повик за обучувачи за спроведување на обуки за програмски јазици

Повик за обучувачи за спроведување на обуки за програмски јазици

Во период од септември до декември 2018 Цма Крик спроведува проектни активности од проектот Code, Innovate, Connect. Проектните активности се спроведуваат во партнерство со Завод YPSILON од Словенија а се финансирани од САП компанијата од Словенија.

Програмата се состои од:

Септември-октомври Циклус 1- 4 работилници на темите подолу

Октомври Циклус 2- отворени настани на популарни теми за програмирање

Циклус 3-планирање на бизнис предизвици (практична работа на бизнис случаи)

Циклус 4-групите кои најдобро ги испланирале бизнис предизвиците ќе учествуваат на натпревар во Словенија со останатите групи од другите држави.

Центар за младински активизам Цма Крик распишува повик за обучувачи кои ќе спроведат обуки на следните теми:

Обука 1 SAP Cloud Platform (SCP)

Цели на обуката

Учесниците да ги разберат придобивките од SCP (да се објасни накратко и да се имплементира во практика)

Учесниците да се научат како да прикачат вебсајт на SCP.

Обука 2 HTML5

Обука 3 основи на JavaScript

Обука 4 CSS (основно и напредно ниво)

Секоја од обуките се одвива во времетраење од 4 часа (плус кафе паузи) во текот на викендите во месец септември. Точните дати ќе се потврдат.

Потребни квалификации:

Работа со млади

Работа како обучувач

Релевантно познавање на темата за која аплицирате.

Работен јазик-македонски.

Група на учесници пред кои се спроведува обуката- 25 млади лица на возраст од 16 до 30 години со основни или никакви познавања на темите кои ќе бидат селектирани преку јавен повик за учесници.

Работилниците ќе се спроведуваат во младинскиот центар Крикни во Пржино.

Доколку сте заинтересирани аплицирајте со испраќање на кратка биографија, план на програма за обуката за која аплицирате и кратко мотивационо писмо на infokrikcenter@gmai.com. Во насловот на мејлот наведете за која обука аплицирате.

План на програма-наведете ги темите кои би ги обработиле во текот на 4 часовната обука и методите кои би ги користеле.

Во краткото мотивационо писмо, освен вашата мотивација за аплицирање, наведете повеќе информации за вашето искуство во спроведување обуки со млади и спроведување обуки на овие теми.

Кандидадите можат да аплицираат за една или повеќе обуки.

Бруто сума која се исплаќа на обучувачот за 1 обука е 6 135 мкд. Паричниот надомест се исплаќа по завршување на обуката и поднесување на извештај од истата. Пред започнување на обуката, Цма Крик потпишува договор за привремено ангажирање со обучувачот.

Доколку имате дополнителни прашања обратете се на infokrikcenter@gmail.com

Повикот е отворен до 15.08.2018.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

 
Локација:
Скопје-Пржино
Рок за аплицирање:
15.08.2018
Како да аплицирате:
Доколку сте заинтересирани аплицирајте со испраќање на кратка биографија, план на програма за обуката за која аплицирате и кратко мотивационо писмо на infokrikcenter@gmai.com. Во насловот на мејлот наведете за која обука аплицирате. План на програма-наведете ги темите кои би ги обработиле во текот на 4 часовната обука и методите кои би ги користеле. Во краткото мотивационо писмо, освен вашата мотивација за аплицирање, наведете повеќе информации за вашето искуство во спроведување обуки со млади и спроведување обуки на овие теми. Кандидадите можат да аплицираат за една или повеќе обуки.

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply