Повик до невработени млади лица за платена пракса

Повик до невработени млади лица за платена пракса

Министерството за вработување во рамки на проектот „Поддршка за вработување на млади“, финансиран од ЕУ,  отвара „Јавен Оглас за учество во мерката Практиканство“. 

Проектот е особено насочен кон млади лица до 29 години, кои 3 месеци ќе добиваат практична обука кај работодавачите. Паричниот надомест е 5.043,00 денари месечно.

Условите се следните:

  •  Да се регистрирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Македонија;
  •  Да се со завршена минимум средна стручна подготовка;
  •  Да се на возраст до 29 години и
  •  Да немаат регистрирано претходно работно искуство согласно нивното образование.

За подетални информации за млади барачи на работа тука, а за работодавачите тука.

За понатамошни прашања и детаљи, посетете ја страната на Агенцијата за вработување на Р.М и Министерството за труд и социјална работа.

Share this:

Leave a Reply