Оглас за вработување од СМС консалтинг

Оглас за вработување од СМС консалтинг

За потребите на својот клиент, реномирана веледрогерија со повеќе од 20 години искуство на пазарот во Македонија и во регионот и застапник на повеќе познати светски брендови, СМС консалтинг објавува конкурс за ангажирање на позицијата:
1. Бренд менаџер
Потребни вештини и карактеристики:
 Одлични комуникациски и преговарачки вештини
 Ефикасно раководење на тим од соработници
 Силни аналитички вештини и искуство во истражувања
 Ефективност и ефикасност во работењето
 Креативност и иновативен пристап
 Ефективна соработка со останатите оддели во компанијата
 Способност за работа под притисок и со кратки рокови
 Континуирано следење на трендовите и иновациите во секторот
 Професионалност, посветеност и лојалност
 Самоиницијативност и тимска работа
Потребни квалификации:
 ВСС (економија, менаџмент, маркетинг или друга соодветна струка)
 Минимум, 3 годишно соодветно работно искуство
 Професионално владеење на македонски и англиски јазик
 Познавањето на некој од другите јазици кои се зборуваат во Македонија ќе се смета за предност
 Користење на MS Office, internet, PowerPoint
 Возачка дозвола Б категорија
Компанијата нуди компетитивен пакет на плата, бонуси и возило на располагање како и можност за континуирано усовршување и напредување во рамки на истата.
Се молат сите заинтересирани кандидати да достават:
– Биографија (не повеќе од 4 страни)
– Мотивациско писмо (не повеќе од една страна)
На следната e-mail адреса: smsco.jobs@gmail.com со назнака За конкурс најдоцна до 15 јуни 2017 година.

Share this:

Leave a Reply