Конкурс за проектен/на координатор/ка

Конкурс за проектен/на координатор/ка

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на проектен/на координатор/ка за потребите на проектот „Теренско ХИВ тестирање и советување меѓу клучни популации“ за период август – декември 2018 година.

Кандидат(к)ите треба да имаат:

  • Завршено високо образование
  • Основни познавања на работа со компјутери (Microsoft office)
  • Најмалку 2 години работно искуство во граѓански сектор и раководење на проекти
  • Искуство во водење и планирање на финансии
  • Одлични  познавања на македонскиот и англискиот јазик
  • Изградени способности за тимска работа и комуникација
  • Максимална посветеност кон работата
  • Државјанство на Република Македонија

 Предност ќе имаат кандидат(к)ите со:

  • Искуство во работа со маргинализирани групи (мажи што имаат секс со мажи, лица кои инјектираат дроги, сексуални работници/чки) и/или
  • Искуство во креирање и спроведување политики, програми и проекти за превенција, грижа и поддршка за ХИВ

Најдоцна до 13 август 2018 година (понеделник) до 17.00 часот заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

  1. Електронска (скенирана) копија од диплома за завршено високо образование
  2. Кратка биографија
  3. Писмо за мотивација
  4. Една препорака од претходните ангажмани како проектен координатор

Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e- адреса за контакт.

Работниот ангажман се однесува на период од 5 месеци со полно работно време од 40 работни часа неделно со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Предвидената плата изнесува 34.500,00 денари во бруто износ.

Кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.

ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за проектен/на координатор/ка можете да ги доставите на следниов начин:

Електронски: konkurs@hera.org.mk
По пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје

Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју во рок од 5 дена по завршувањето на конкурсот.

Share this:

Leave a Reply