Јавен повик за обучувачи: Solve it – Школа за социјално претприемништво!

Јавен повик за обучувачи: Solve it – Школа за социјално претприемништво!

Со цел спроведување на  проектот Solve it – Школа за социјално претприемништво и обуката за вмрежување на граѓанскиот сектор, локаната самоуправа (општини Гази Баба и Чаир) и бизнисите од овие општини, Младиинфо Интернационал има потреба за привремено ангажирање на еден обучувач за „Обука за развој на вештини за вмрежување меѓу невладини организации, бизнис сектор и јавни институции“, која ќе се одвива на 30 и 31 август 2017 година.

Школата се спроведува по трет пат во рамки на проектот „Заедно за успех: Млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односни“, во периодот март- август 2017 година.

Главните цели на програмата се:

  • Зголемување на знаењето на младите идни претприемачи, со акцент на немнозинските претприемачи преку учество во Solve it- Школата за социјално претприемништво;
  • Унапредување на капацитетите на граѓанските организации и претставниците на локалната самоуправа за вмрежување преку користење на веќе докажани практики во Европа.

Опис на работните задачи на обучувачите:

  • Создавање на програма и агенда за „Обука за развој на вештини за вмрежување меѓу невладини организации, бизнис сектор и јавни институции“ во рамки за Solve it- Школа за социјално претприемништво во соработка со проектната координаторка и со тимот на Младиинфо Интернационал;
  • Изработка на потребни материјали (печатени, презентации и слично) во соработка со проектната координаторка и тимот на Младиинфо Интернационал;
  • Спроведување на „Обука за развој на вештини за вмрежување меѓу невладини организации, бизнис сектор и јавни институции“;
  • Евалуација на обуката и создавање препораки за унапредување на соработката меѓу трите сектори.

Предлог теми на обуката:

  • Можности за вмрежување;
  • Успешни практики на вмрежување;
  • Создавање на мрежи и партнерства;
  • Можностите кои ги нуди приватното – јавно партнерство;
  • Комуникациски вештини;
  • Вештини за застапување и лобирање.

Услови за пријавување:

  • Формално образование во некоја од соодветните области од општествените науки;
  • Искуство во спроведување на предавања/ работилници/ тренинзи за вмрежување и создавање партнерства;
  • Искуство во работење со граѓански сектор, локалната самоуправа и бизнис заедницата;
  • Искуство во работење со етнички малцинства.

Финансиски надоместок:

За ангажманот на обучувачот му следува бруто надоместок од 10.000,00 денари.

Рок и начин на пријавување:

Рокот за пријавување е 10 август 2017 година (четврток) до полноќ, со испраќање на куса биографија, писмо за мотивација и предлог програма агенда за обуката  на marija@mladiinfo.eu со назнака: „Јавен повик за Solve it, обука за вмрежување“.

Обуката ќе биде спроведена во х. Пела, Охрид со предвиден почеток на 30 август 2017 околу 11 и 30 часот, а завршеток на 31 август 2017 околу 17 часот.

Напомена:

Јавниот повик има за цел идентификување на заинтересирани обучувачи кои сакаат да се вклучат во Solve it- Школа за социјално претприемништво. Повикот во никој случај не значи ветување и обврзување за отпочнување на соработка.  Само кандидатите и кандидатките за кои ги исполнуваат горенаведените услови и за кои комисијата ќе утврди дека имаат соодветно искуство и мотивација, ќе бидат контактирани најдоцна до 15-ти август 2017 (четврток).

*Solve it- Школа за социјално претприемништво е спроведувана од Младиинфо Интернационал, а е во рамките на проектот „Заедно за успех: Млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односни“, финансиран од  Европската Унија преку програмата ИПА – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014, имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки Сервис за Млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум.

Share this:

Leave a Reply