Повик за учесници на 6-та Школа против говор на омраза “Медиумска писменост и критичко размислување”

Повик за учесници на 6-та Школа против говор на омраза “Медиумска писменост и критичко размислување”

Центар за Интеркултурен Дијалог (ЦИД) со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со задоволство распишува повик за учесници за 6-та Школа против говор на омраза: Медиумска писменост и критичко размислување. Центар за Интеркултурен Дијалог 6та година по ред огранизира обука за младински работници, студенти и активисти чијашто главна цел е да ги развие нивните вештини за справување со говорот на омраза.

 

Обуката ќе биде организирана во три дела:

  • Првиот дел од обуката ќе биде онлајн и ќе се фокусира на обезбедување на општо запознавање на темата меѓу учесниците, како и обезбедување простор за нив да се запознаат еден со друг.
  • Вториот дел претставува обука која ќе се одржи од 25ти– 29ти октомври 2017 во Берово. На обуката ќе се одржат работилници, предавања за што претставува говор на омраза, како се манифестира, кои се последиците, вклучувајќи го и криминалот од омраза и како да се справуваме со него. Исто така ќе се дискутира и како да препознаеме различни наративи, нивна деконструкција и креирање на истите.
  • Третиот дел претставува организирање на кратки активности на учесниците на обуката во средините во кои работат и делуваат во врска со темата на обуката. Овие активности ќе бидат вклучени во годишниот план на активности на Националната кампања против говор на омраза.

 

Профил на учесници:
  • Возраст над 18 години;
  • Можност за учество на целата обука, а по обуката активно да се вклучат во спроведување на активности;
  • Да се студенти, младински работници и/или едукатори, активисти, претставници на младински организации;
  • Да имаат основни познавања во областа на човековите права и претходно искуство во организирање на настани;
  • По завршување на обуката да бидат во можност да реализираат кратка активност во околината во којашто дејствуваат.

Датуми: 25.10 – 29.10.2017

За дополнителни информации можете да нѐ контактирате на тел: +389 71 359 957 или по емаил nami@cid.mk и/или info@cid.mk. На учесниците ќе им биде доделен сертификат по завршување на обуката.

Локација:
Берово, Македонија
Рок за аплицирање:
11ти октомври 2017
Како да аплицирате:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf1w0R-Zu-DovfUTP6jQiAudxbOEtHuycwck7cIUtRVSogdCw/viewform
Други детали:
http://cid.mk/2017/09/29/повик-за-учесници-на-6та-школа-против-го/

Share this:

About the Author

cid

cidЗдружение Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) е непрофитна младинска организација која работи на регионално ниво во Македонија. Таа е формирана во мај 2006 година од активни млади лидери и младински работници од Куманово Мисијата на Центарот за интеркултурен дијалог е да се промовира и поддржува меѓукултурно разбирање, соработка, мир и солидарност преку активно учество на младите во општеството, а особено преку волонтерско вклучување на локално и на меѓународно ниво. Нашите цели: 1. Промовирање и поддршка на активно граѓанство на младите преку активизам и развојот на институционалните механизми за активно учество на младите. 2. Активна работа и придонес кон меѓукултурниот дијалог преку градење на капацитети и услуги за информирање за млади. 3. Поактивно вклучување на младите луѓе, кои работат на промотивни активности, со цел да се промовираат работни кампови SCI, ЕВС, како и локални волонтерски можности 4. Промовирање на мирот, солидарностста и човековите права како и културата на живеење, Организација на активности на отворено, фестивали, панел дискусии, меѓународната размена, интеркултурни состаноци и друго. Нашата главна целна група се студенти, средношколци и неодамна дипломираните студенти. ЦИД е организација која работи со млади луѓе, како и сите заинтересирани страни кои се вклучени во меѓуетничкиот дијалог и развој на младите на локално, национално и меѓународно ниво.

View all posts by cid

Leave a Reply