Повик за учесници: Бесплатни онлајн курсеви

Повик за учесници: Бесплатни онлајн курсеви

Здружение Центар за интеркултурен дијалог во соработка со партнерите од Србија, Албанија, Финска, Хрватска, Шпанија, Литванија и Косово објавува јавен повик за три бесплатни онлајн курсеви.

Онлајн курсевите се со флексибилен распоред кој ќе ви овозможи да го приспособите вашето учество на потребите кои ги имате. Во времетраење од 20 минути до 4 часа неделно, во период од 1 до 3 недели.

И најважно, онлајн курсевите се бесплатни за сите заинтересирани.

Курсевите се на англиски јазик.

 

Листа на онлајн курсеви:

ОНЛАЈН БЕЗБЕДНОСТ – Овој курс ги покрива основите на онлајн безбедност за млади луѓе, го зголемува нивото на сигурност решавајќи ги заканите со кои се соочуваме денес на интернет.

Повеќе информации за овој курс може да се најдат на следниов линк: http://iqnf.education/mod/page/view.php?id=494 и формуларот за аплицирање на: http://iqnf.education/mod/feedback/view.php?id=496

 

СЕМИЊА НА ПРОМЕНА – Ние веруваме дека младите имаат енергија и моќ да направат позитивни промени во нивните животи и во општеството. Можеби им треба знаење, вештини или додатна мотивација? Сето тоа може да се стекне преку овој онлајн курс и да се биде СЕМЕ НА ПРОМЕНА!

 

Повеќе информации за овој курс може да се најдат на следниов линк: http://iqnf.education/mod/page/view.php?id=499 и формуларот за аплицирање на: http://iqnf.education/mod/feedback/view.php?id=500

 

НАСОКИ ЗА КАРИЕРА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ – Средношколците се соочуваат со многу прашања во поглед на изборот на кариера и нивното понатамошно образование после матура. Преку овој курс сакаме да ги охрабриме да размислуваат “надвор од кутијата” и да им обезбедиме алатки за соодветно истражување на кариерата.

Повеќе информации за овој курс може да се најдат на следниов линк: http://iqnf.education/mod/page/view.php?id=497 и формуларот за аплицирање на: http://iqnf.education/mod/feedback/view.php?id=498

 

Проектот е финансиран од Erasmus+ Youth in Action програмата на Европска Комисија.

Локација:
онлајн
Други детали:
http://cid.mk/2017/05/15/call-for-participants-free-online-courses/

Share this:

About the Author

cid

cidЗдружение Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) е непрофитна младинска организација која работи на регионално ниво во Македонија. Таа е формирана во мај 2006 година од активни млади лидери и младински работници од Куманово Мисијата на Центарот за интеркултурен дијалог е да се промовира и поддржува меѓукултурно разбирање, соработка, мир и солидарност преку активно учество на младите во општеството, а особено преку волонтерско вклучување на локално и на меѓународно ниво. Нашите цели: 1. Промовирање и поддршка на активно граѓанство на младите преку активизам и развојот на институционалните механизми за активно учество на младите. 2. Активна работа и придонес кон меѓукултурниот дијалог преку градење на капацитети и услуги за информирање за млади. 3. Поактивно вклучување на младите луѓе, кои работат на промотивни активности, со цел да се промовираат работни кампови SCI, ЕВС, како и локални волонтерски можности 4. Промовирање на мирот, солидарностста и човековите права како и културата на живеење, Организација на активности на отворено, фестивали, панел дискусии, меѓународната размена, интеркултурни состаноци и друго. Нашата главна целна група се студенти, средношколци и неодамна дипломираните студенти. ЦИД е организација која работи со млади луѓе, како и сите заинтересирани страни кои се вклучени во меѓуетничкиот дијалог и развој на младите на локално, национално и меѓународно ниво.

View all posts by cid

Leave a Reply