Долгорочна програма за зајакнување на капацитетите на младинските работници кои работат во организации кои спроведуваат младинска работа

Долгорочна програма за зајакнување на капацитетите на младинските работници кои работат во организации кои спроведуваат младинска работа

Во периодот од април до декември 2018 година, Сојуз за младинска работа (СМР) во соработка со својата организација членка Центар за младински активизам КРИК  спроведува долгорочна програма за зајакнување на капацитетите на младинските работници кои работат во организации кои спроведуваат младинска работа. Младинска работа е термин кој се користи за да ги опише сите  активности, пристапи и процеси за обезбедување на услови за/и градење на капацитетите на сите млади луѓе независно од нивниот пол, општествен статус, политичка етничка, национална припадност, сексуална ориентација, здравстена состојба и сл. со цел личен и социјален развој како и активно вклучување на сите млади луѓе во општеството.

Долгорочната програма има за цел:

  • Да се зајакнат капацитетите на организациите кои спроведуваат младинска работа
  • Да се зајакнат капацитетите на младинските работници кои работат во организациите кои спроведуваат младинска работа

Програмата е наменета за членките на СМР но и за други организации кои спроведуваат младинска работа а не се дел од СМР.

Со цел да се одговори на потребите на организациите кои спроведуваат младинска работа, тематските модули од првиот циклус ќе бидат дефинирани по пополнување на прашалник за потребите за градење на капацитетите кои организациите ќе го пополнат.

Програмата се одвива во 4 циклуси
Прв циклус  – усвојување на теоретско знаење, т.е. низа обуки за кои темата ќе биде дефинирана откако организациите ќе ги пополнат прашалниците. На овие обуки учесниците ќе развијат знаења, ставови и вештини за спроведување на различни видови на младинска работа според потребите на нивните организациите. Обуките ќе се одвиваат во период април-јуни 2018 година. Втор циклус – online учење и учење под менторство каде се прави мапирање на потребите на младите на локално ниво и врз основа на тоа се работат планови на програми за работа. Овoј циклус ќе се одвива во период (јули – септември).  
Трет циклус, учество на  интернационални настани (тренинг, младинска размена, камп ) и/или учество во  подготовка и имплементација на национален или локален настан). Овој циклус ќе се одвива во текот на летниот период. Четврт циклус  – самостојно спроведување на активности од младинска работа во соработка со останатите младински работници од нивните матични организации на локално ниво. Овој циклус се случува во периодот септември-декември 2018 година.

Технички информации
●        Организациите кои спроведуваат младинска работа, можат да изразат интерес со пополнување на следниов формулар не подоцна од 27.03.2018 година.
●        Започнување со првиот циклус е планирано втората недела од април 2018 година.
●        Во зависност од географската положба каде се наоѓаат пријавените учесниците, ќе биде и дефинирано дали обуките ќе се одвиваат во текот на работната недела (после 17:00 часот) или во текот на викендите. Присуство на 80% од обуките е задолжително за секој учесник.
●        Работен јазик на програмата е македонски јазик.
●        Место на одржување на обуките од првиот циклус е младинскиот центар Крикни кој се наоѓа на адреса ул. Караџица 6, 1000 Скопје-населба Пржино.
●        За дополнителни информации обратете се на smr.sojuz@gmail.com
Локација:
Младински центар Крикни Пржино Скопје
Рок за аплицирање:
27.03.2018
Како да аплицирате:
Со пополнување на апликациска форма https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScKrBqrnQICLBMTqRzQXgiUkJfYOs1tbkINmQdp_h0jps_yBw/viewform

Share this:

Leave a Reply