Анкети: “Структури на младинско учество во процесите на донесување одлуки на локално ниво” и “Образовни проекти, иницијативи и алатки за подготовка на младите за учество во политиките на локално ниво”

Анкети: “Структури на младинско учество во процесите на донесување одлуки на локално ниво” и “Образовни проекти, иницијативи и алатки за подготовка на младите за учество во политиките на локално ниво”

Здружение Центар за интеркултурен дијалог спроведува истражување за младинска вклученост во донесување на одлуки на локално ниво, во Република Македонија, како дел од проектот Youth participation matters – models of youth participation on local level in Europe.

Ова истражување го спроведува YP Lab на DYPALL – европска мрежа од над 50 општини и организации од граѓанското општество од повеќе од 20 земји меѓу кои е и Здружение Центар за интеркултурен дијалог, кои имаат за цел да вклучат млади луѓе во процесите на донесување одлуки на локално ниво. YP Lab е центар за ресурси и мобилност во рамките на DYPALL со фокус на развојот на мапирање и градење на капацитетите во областа на локалното учество на младите.

Една од целите на мрежата е да се развијат структури и механизми за учество на младите во донесувањето одлуки на локално ниво, како и да се идентификуваат најдобрите практики и да се воведат иновативни пристапи кон јавното управување во соработка со локалните власти и граѓанските организации активни во полето на младите.

Затоа, во рамките на YP Lab, развиваме студија на случаи што ќе ги мапира:

1) постојните структури и механизми за учество на младите во процесите на донесување одлуки во локалната власт (Анкета 1);

2) образовни проекти, иницијативи и алатки кои ги подготвуваат младите за учество во политичкиот живот на локално ниво (Анкета 2).

За таа цел имаме развиено две соодветни анкети.

Во фокусот на Анкета 1 се постојните структури и механизми за учество на младите во процесите на донесување одлуки на локално ниво, одека пак фокусот на Анкета 2 се образовните проекти, иницијативи и алатки кои ги подготвуваат младите за вклучување во политиките на локално ниво, како на пр. ‘Симулација на локален парламент изведена од страна на млади луѓе’, која промовира разбирање на тоа како демократските процеси функционираат во општината.

Ако имате пример за таква структура за споделување, ве молиме продолжете со анкетата.

Ако сакате да споделите информации за проект / иницијатива / алатка која има за цел воспоставување на таква структура, ве молиме продолжете на Анкета 2.

Share this:

Leave a Reply