#НЕЕВЕСТ – РАБОТИЛНИЦИ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

#НЕЕВЕСТ – РАБОТИЛНИЦИ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

DSC_0025

Со растот на лажните вести и пропагандата, се јавува потребата од медиумска писменост кај младите кои секојдневно се изложени на низа манипулативни содржини. Оттука, Националниот младински совет на Македонија и Радио МОФ го работат проектот „Младинска медиумска писменост“ со цел да се подигне свеста кај младите учесници за критичко размислување, за аналитичен пристап на информациите кои ги добиваат од медиумите и способност за евалуација на содржината.

2

Проектот „Младинска медиумска писменост“ одржа три викенд обуки за 60 млади од Скопје, Велес и Тетово и една обука за граѓански организации кои резултираа со продукција на едукативни содржини за слобода на изразување кај младите од маргинализираните заедници, без разлика на пол, етникум, социјален статус и сексуален и родов идентитет.

3

Целта на проектот „Младинска медиумска писменост“ е подигнување на свесноста кај младите учесници за критичко размислување, за аналитичен пристап на информациите кои ги добиваат од медиумите и способност за евалуација на содржината.

21766396_1425691890833995_3687425194064733984_n

 

Проектот се спроведува со помош на грант доделен преку проектот„Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и односи со јавност, а во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија.

Слики, видеа и останати материјали од сработените содржини можете да најдете овде.

Share this:

Leave a Reply