Жената во Македонија: Помеѓу Феминизмот и Патријархатот

Жената во Македонија: Помеѓу Феминизмот и Патријархатот

Активноста UPFRONT ја заокружуваме со конференција посветена на жената во Македонија со посебен фокус на женскиот активизам. На 30-ти јули, 2018, со почеток од 17 часот во Меморијалниот центар на холокаустот ќе дискутираме за моќта на жената и женскиот активизам соочен со патријархатот и сѐ останато. Целта на конференцијата е да се поттикне женскиот активизам преку заедничко учење, и охрабрување на жените за делување во нашето општество, а истовремено и да се покрене свеста за општествените предизвици од родов аспект. Ве молиме вашето учество да го најавите со брза регистрација на следниот линк:
 https://goo.gl/forms/gQsXAi0HuPmv3IqD2 Самиот настан е поделен на неколку дела и ќе имате можност да присуствувате на следниве сесии: Жената и културата (Сесија посветена на местото на жената и женскиот активизам преку културата) Моќта на жената или соочени со патријархатот и сѐ останато (Профили на различни жени, нивниот активизам и предизвиците со кои се соочуваат) Женскиот приказ во медиумите (Рабтилница која ќе се осврне на жените во медиумите) реализирана од Association for Educational Development – Ekvalis
Оваа активност е дел од проектот “UPFRONT” која се реализира од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендиската Марија Николоска, поддржана од Проектот на УСАИД заграѓанско учество.

Share this:

Leave a Reply