YOUTHopia на Д Фестивал

YOUTHopia на Д Фестивал

Создаваме YOUTHopia на Д фестивал, се активираме и влегуваме во свет каде младите се посветени на својот личен развој, излегуваат од својата комфорна зона и истовремено се стремат кон одржливо и свесно живеење, без продуцирање на отпад.

Младите можат ве повикува да преземете акција на Д фестивал и да се вклучите во активностите кои ги подготвивме за вас!

#ПредизвикајСеНаДфест е кампања која започнува на првиот фестивалски ден, завршува на последниот и во чии рамки ќе имате можност да излезете од својата комфорна зона, да направите нешто што до сега не сте го направиле во животот и да се забавувате. Младите можат постои со цел да инспирира личен развој кај младите, нивно креативно размислување и изразување, како и преземање акција за промена.

#НулаотпадПредизвик е работилница која ќе можете да ја посетите во било кој од трите фестивалски денови. Дел од тимот на ViridiQ ќе се обиде да ве мотивира и да ве предизвика да го намалите отпадот кој го создавате во својот секојдневен живот преку примери, рецепти, дискусија и споделување искуства. Како тим од млади ентузијасти веруваме дека позитивната промена започнува на индивидуално ниво. Започнуваме од себеси, бидејќи што е океан ако не збир од капки?

Се гледаме на 6ти јули на Д – Фестивал, подгответе се за многу сонце, дружба и прекрасни луѓе и моменти за паметење. Повеќе информации може да прочитате на официјалниот фејсбук настан.

Локација:
Дојран, Д - Фестивал
Рок за аплицирање:
/
Како да аплицирате:
/

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply