Tрибината „Младите бараат она што им следува – пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје“

Tрибината „Младите бараат она што им следува – пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје“

По повод 26 септември – Меѓународниот ден на контрацепција, Х.Е.Р.А. Млади ја организира трибината „Младите бараат она што им следува – пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје“. 
 
Трибината ќе се одржи на 26 септември (вторник) во хотел „Холидеј ин“ – Скопје од 11.00 до 14.00 часот. 
 
Целта на трибината е да се промовира видеото „Младите бараат она што им следува – пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје“ и преку дискусија со претставници на надлежни институции и донесувачи на одлуки повторно да се отвори прашањето за олеснување на пристапот до модерна контрацепција во Република Македонија.
Подолу можете да ја погледнете агдендата за настанот.
_______________________________________________________________________________________
А Г Е Н Д А
Датум и место: 26.09.2017 (четврток), хотел „Холидеј ин“
Модератор: Виктор Дамјановски
10.30 – 11.00 Пристигнување и регистрација на гости
11.00 – 11.10 Отворање на настанот и презентација на кампањата (видео)
11.10 – 12.30 Панел-дискусија
Говорници
 Љупка Трајановска, претставничка на Х.Е.Р.А. Млади
 Бојан Јовановски, извршен директор на Х.Е.Р.А.
 Д-р Глигор Тофовски, специјалист гинеколог-акушер
 Дона Костуранова, извршен директор на Младинскиот образовен
форум (МОФ)
 Јана Јакимовска, професорка на Академијата за ликовна
уметност, активистка и уметница
 Д-р Гоце Чакаровски, Заменик-министер за здравство,
Министерство за здравство на Република Македонија
 Д-р Ана Петрова, советничка на директорот на Фондот за
здравствено осигурување на Република Македонија
 Миле Сугарев, советник на директорот на Фондот за
здравствено осигурување на Република Македонија
 Јагода Шахпаска, пратеничка во Собранието на Република
Македонија
12.30 – 13.00 Отворена дискусија
13.00 – 14.00 Коктел

Share this:

Leave a Reply