Промоција на алатка Локален избор

Промоција на алатка Локален избор

Институтот за истражување Импакт ве поканува на промоција на алатката Локален избор, која ќе се одржи во четврток, 12.10.2017, канцеларија Млади, со почеток во 12 часот.
Локален избор претставува бесплатна онлајн алатка којашто им овозможува на гласачите да ги споредат своите позиции со позициите на кандидатите и партиите кои ќе учествуваат на престојните локални избори. Целта на Локален избор е да се поттикне интерес кај јавноста за претстојните локални избори и да се обезбедат објективни и потврдени информации за видувањата на кандидат(к)ите и партиите по важни и актуелни прашања.
Присутните ќе имаат можност да одговорат на 20 внимателно селектирани искази по важни прашања, групирани во осум тематски области: урбанизам и комунални работи, заштита на животната средина, безбедност, транспарентност и учество на граѓаните, децентрализација, економски развој, социјална грижа и еднакви можности.
Резултатот од користењето на алатката покажува каде личните ставови на граѓаните се поставени на политичката сцена и покажува кои партии и кандидати се блиски до нив, а кои далечни во однос на политичките ставови севкупно и по одредени прашања конкретно.
За дополнителни информации и/или прашања,  слободно контактирајте не’ на
е-маил: goran.sachevski@ccstrumica.mk и/или тел. 075 33 41 80 (лице за контакт: Горан Сачевски).

Share this:

Leave a Reply