Пријавете се: АМС заедно со Европската младинска фондација (EYF) организираат работилница за можностите за аплицирање проекти преку EYF

Пријавете се: АМС заедно со Европската младинска фондација (EYF) организираат работилница за можностите за аплицирање проекти преку EYF

По петте успешни изданија на годишниот семинар на Европската Младинска Фондација, кој се одржа во Европскиот младински центар во Стразбур, а со цел да се стигне до повеќе младински невладини организации, Програмскиот комитет за млади ги одобри настаните на Европската Младинкса Фондација во земјите-членки со национален или регионален опсег.

Овие информации/обуки се изградени врз методологијата и пристапот на поранешните семинари на Европската Младинкса Фондација, особено со користење на принципи за неформално образование и симулациски вежби.

Агенцијата за млади и спорт заедно со Европската младинска фондација (EYF) ја организираат оваа работилница за да ги споделат клучните вредности, можности и услуги на Советот на Европа преку Европската Младинска Фондација.

Методологијата на презентацијата ќе се фокусира на групни активности со ресурсите на сеопфатен пристап на неформалното учење. Агенцијата за млади и спорт ќе ги покрие сите трошоци поврзани со внатрешно патување, сместување и оброци на учесници и работни материјали.

За подетални информации и за пријавување, симнете ги следните документи, кои мора да се пополнат заедно и на англиски и македонски јазик.

Call for participants (Download) Application form for participants (Download) Повик за пријавување (Клик за симнување) Апликација за учество (Клик за симнување)

Share this:

Leave a Reply