Настан за најдобри практики и иновации „Сајбер безбедност на граѓански организации и мрежи“

Настан за најдобри практики и иновации „Сајбер безбедност на граѓански организации и мрежи“

Проектот за граѓанско учество (ПГУ) на УСАИД на 19 октомври ќе го организира вториот Настан за најдобри практики и иновации. Темата е Сајбер безбедност на граѓански организации и мрежи. Целта на настанот е да се зајакне свеста за сајбер заканите и сајбер криминалот и да се презентираат алатки кои се достапни на граѓанските организации и можат да ја зголемат нивната безбедност. Настанот ќе се одржи во хотел Холидеј Ин, во Скопје, со почеток во 10 часот.

Говорници се ИТ консултанти на Ист Вест Менаџмент Институт (Роберт Тодороски), Фондација Отворено општество – Македонија (Игор Крстевски) и Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис„ (Филип Нешкоски), кои ќе споделат искуства и практики од своето работење. Вовед во сајбер заканите за граѓанскиот сектор ќе даде Мане Пиперевски, ИТ консултант за сајбер безбедност и извршен директор во Пиперевски и соработници.

Веднаш по овој настан ќе биде организиран Learning Circle 1.4, кој ќе има практичен пристап на истата тема односно ќе се фокусира на тоа како да ги заштитиме уредите прикачени на интернет. Агендата за LC 1.4 ќе ви ја испратиме утре. Предвидуваме овој настан да трае од 13,00 – 15,00 часот.

 

Патните трошоци за учесниците кои доаѓаат надвор од главниот град ќе бидат покриени од страна на организаторот. Би ценеле доколку не’ информирате дали е потребно да ги покриеме овие трошоци.
_______________________________________________________________________________________

АГЕНДА
10:00 – 10:15 Регистрација
10:15 – 10:30 Отворање на настанот – Ана Дракиќ, директорка на Проектот за
Граѓанско учество на УСАИД
10:30 – 11:15 Сајбер криминал и сајбер закани за граѓанските организации
Едноставен план за заштита од сајбер закани
[Мане Пиперевски – ИТ консултант за сајбер безбедност,
извршен директор во Пиперевски и соработници ] 11:15 – 11:30 Спамовите како безбедносен ризик за комуникација – тест
вежба
[Роберт Тодоровски – ИТ консултант за Ист Вест Менаџмент
Институт] 11:30 – 11:45 Користење на сигурносни алатки за комуникација
(енкриптирана комуникација)
[Игор Крстевски – ИТ консултант за Фондација Отворено
општество – Македонија] 11:45 – 12:00 TechSoup поддршка и сигурносни мерки при администрација
на интернет страници
[Филип Нешкоски – Веб администратор во Фондацијата за
интернет и општество „Метаморфозис„] 12:00 – 12:30 Дискусија
12:30 – 13:00 Закуска
Модератор: Сунчица Костовска – Петровска,
Фондација Отворено општество – Македонија

 

Share this:

Leave a Reply