Младите: активни чинители во евроинтеграцијата на Македонија [Штип]

Младите: активни чинители во евроинтеграцијата на Македонија [Штип]

Во рамките на проектот Rural youth assisting Macedonia in EU integration, спроведуван од страна на CNVP – организација за поврзување на природни вредности и луѓе со седиште во Хаг – Холандија, на 16.07.2018 од 16:30 – 18:30 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (Канал 77) во Штип ќе се спроведе „Работилницата за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Република Македонија“.

Проектот има за цел да ги зајакне способностите на младите од источниот и југоисточниот плански регион и нивните организации за нивен активен придонес кон совладување на предизвиците со кои се соочува Република Македонија во процесот на евроинтеграција. Основна цел и задачи на работилницата се унапредување на знаењата на младите од општините Штип, Карбинци и Радовиш за: ● Европската унија и европските политики; ● Критериумите за влез во ЕУ на земјите со статус кандидат за ЕУ како и за ● Улогата на младите од општините Штип, Карбинци и Радовиш во помагање на процесот на евроинтеграција на Македонија Работилницата се очекува да придонесе кон подобра информираност на младите од овие општини за Европската унија, нивно мотивирање и зајакнување на свеста за потребата и моќта на активното придонесување на младите кон успешна евроинтеграција на Р. Македонија. Настанот е отворен за учесници од општините Штип, Радовиш и Карбинци, кои се на возраст од 16 до 29 години. За да присуствувате на истиот потребно е да се најавите преку пријава за регистрацијa најдоцна до: 13.07.2018 17:00 После настанот ќе има мал коктел на кој учесниците ќе имаат прилика да се запознаат подобро и да се вмрежуваат. Патните трошоци се покриени од организаторот. За подетални информации ве молиме обратете се кај тимот на едукатори: Зујца Газепова mail: zujca_gazepova@yahoo.com , Симона Јорданова е-маил: simona.16173@hotmail.com Лорета Серафимова loreta.sarafimova@yahoo.com . Побрзајте! Mестата се органичени, а можност за присуство ќе имаат оние кои ќе се пријават први.

Share this:

Leave a Reply